Свет

Спасил 900 деца – директор на училиште во Непал со благовремена реакција превенирал страшна трагедија

Имаше извештаи дека поплавата веќе ја зафатила нашата населба. Тогаш решив дека не треба повеќе да одложувам. Доколку ја донесовме одлуката десет минути подоцна, сите ние немаше да можеме да разговараме денес

Директорот на едно непалско средно училиште уништено во поплавите успеал навреме да евакуира околу 900 ученици на безбедно место откако добил низа повици со предупредување дека има ризик од поплава во областа.

Раџендра Давади, кој води училиште со нешто повеќе од 1.600 ученици, кажа дека добил четири предупредувања од различни луѓе во рок од неколку минути.

– Имаше извештаи дека поплавата веќе ја зафатила нашата населба. Тогаш решив дека не треба повеќе да одложувам. Доколку ја донесовме одлуката десет минути подоцна, сите ние немаше да можеме да разговараме денес – рече Давади.

Еден од евакуираните ученици кажа дека трчале по тесна и каллива патека зад училиштето.

– За кратко време, чаршијата беше збришана пред моите очи – додаде тој.

Во меѓувреме, бројот на загинати во Непал и Тибет порасна на речиси 800, а повеќе од 3.000 луѓе се водат како исчезнати, меѓу кои се и стотици странски државјани, вклучувајќи 90 Американци, 62 Украинци, 41 Австралиец и 30 Канаѓани. Непалските спасувачи ја засилија потрагата во поплавените хидроелектрани, каде што се верува дека се заробени стотици луѓе.

Размерите на катастрофата ги отежнуваат спасувачките напори низ суровиот хималајски терен, но веќе нема опасност од нова поплава од новосоздаденото езеро, кое во голема мера е испразнето.

Црвениот крст процени дека повеќе од 90.000 луѓе се погодени од катастрофата, која Кина ја поврзува со климатските промени.

 

Најнови вести од: Свет

„Еурактив“: Исландското НЕ за ЕУ ќе го ослабне моментумот за проширување

„Еурактив“ наведува дека ЕУ се надеваше оти ќе го поврзе членството на Исланд, богат остров со највисоки плати во Европа, кој веќе во голема мера е интегриран со Унијата, со приемот на некоја посиромашна земја

To top