Свет

Стотици уапсени за поддршка на забранета пропалестинска организација

Членството или поддршката на групата Palestine action e кривично дело казниво со затвор до 14 години

Најмалку 466 лица се уапсени за време на демонстрациите во поддршка на забранетата организација Palestine Action, јавија медиуми повикувајки се на лондонската полиција.

Учесниците во акцијата истовремено кренаа рачно изработени постери со натпис: „Јас сум против геноцид. Ја поддржувам Палестинската акција“.

Во јули, групата Palestine Action беше прогласена за терористичка организација според Законот за тероризам од 2000 година, кој членството во неа или поддршката за нејзините активности го направи кривично дело казниво со затвор до 14 години.

Полицијата соопшти дека секој што демонстрира и носи постери во поддршка на Palestine Action „или веќе е уапсен или е во процес на апсење“.

Видеата дистрибуирани на социјалните мрежи покажуваат како полицајците одат меѓу демонстрантите што седат на земја, им приоѓаат на луѓето, разговараат со нив, а потоа ги приведуваат.

 

Најнови вести од: Свет

САД и Израел го нападнаа Иранскиот Курдистан. Повеќе од 100 убиени, 969 ранети

Курдите се домородно етничко малцинство од месопотамскиот регион, распространето главно низ југоисточна Турција, североисточна Сирија, полуавтономниот курдски регион во северен Ирак, северозападен Иран и југозападна Ерменија. Тие имаат свој јазик и култура, но немаат држава

Ирански камиказе дронови запалија големо пристаниште за нафта во Емиратите (ВИДЕО)

Нападот доаѓа откако Иранската револуционерна гарда соопшти дека американските интереси во Обединетите Арапски Емирати, вклучувајќи пристаништа, докови и воени објекти, станале легитимни цели

To top