Свет

Ташев: Вајц да докаже дека добивал смртни закани

Или ќе ги докаже своите тврдења или да биде прогласен за клеветник и претставник на Србија

Бугарскиот академик Спас Ташев реагираше на тврдењата на известувачот за Македонија Томас Вајс кој откри дека против него се води остра кампања и дека добивал закани со смрт

Вајц треба да ги докаже тврдењата што ги изнесе во интервјуто за Канал 5, вели Ташев.

„Мислам дека е време да се испрати извештај до Канцеларијата на европскиот јавен обвинител во врска со однесувањето на Томас Вајц!

Или извештајот треба да оди во друга европска институција?

Вајц треба или да ги докаже своите тврдења или да биде прогласен за клеветник и претставник на Србија.

Го зачував видеото за да не „исчезне“!

Дали некој адвокат со познавање на правото на ЕУ би бил спремен да ни помогне да започнеме таква постапка?“, пишува бугарскиот акдемик во објава на социјалните мрежи.

Томас Вајц добивал смртни закани за Извештајот за Македонија

Најнови вести од: Свет

САД и Израел го нападнаа Иранскиот Курдистан. Повеќе од 100 убиени, 969 ранети

Курдите се домородно етничко малцинство од месопотамскиот регион, распространето главно низ југоисточна Турција, североисточна Сирија, полуавтономниот курдски регион во северен Ирак, северозападен Иран и југозападна Ерменија. Тие имаат свој јазик и култура, но немаат држава

Ирански камиказе дронови запалија големо пристаниште за нафта во Емиратите (ВИДЕО)

Нападот доаѓа откако Иранската револуционерна гарда соопшти дека американските интереси во Обединетите Арапски Емирати, вклучувајќи пристаништа, докови и воени објекти, станале легитимни цели

To top