Свет

Трамп: Ако САД влезат во војна – ќе ја добијат

Претседателот ја повтори својата поддршка за политиката „мир преку сила“

Американскиот претседател, ја предупреди меѓународната заедница дека ако неговата земја влезе во војна, „ние ќе ја добиеме“ и ќе го направиме тоа „како што ниедна друга земја досега не го направила“.

Во говорот пред војниците на носачот на авиони „УСС Џорџ Вашингтон“ во Јапонија, тој нагласи дека „нема да бидеме политички коректни кога станува збор за одбрана на Соединетите Американски Држави“.

Претседателот ја повтори својата поддршка за политиката „мир преку сила“.

Трамп им рече на војниците дека Соединетите Американски Држави сега се „најпочитуваната земја во светот“ благодарение на „луѓе како вас“, кои ги опиша како „најголеми морнари“ и „горди американски патриоти“.

Најнови вести од: Свет

Анри Каган и Кенсо Соаи добија „Нобел“ за хемија

 Овогодишните добитници на Нобеловата награда за хемија за откривањето на нелинеарни ефекти и автокатализа во асиметричната органска синтеза се научниците Анри Каган и Кенсо Соаи. Тие ја добија Нобеловата награда за хемија  за откривањето на нелинеарни ефекти и автокатализа во асиметричната органска синтеза. Првата Нобелова награда што ја доделува шведскта акадмија на науките му била […]

To top