Свет

Трамп: „Да го направиме Иран повторно голем“

Сенаторот од Јужна Каролина, Линдзи Греам, објави фотографија на социјалните мрежи на која се гледа американскиот претседател Доналд Трамп со капа на која пишува “Make Iran Great Again”“.

 

 

„Бог да ги благослови и заштити храбрите луѓе на Иран кои се спротивставуваат на тиранијата“, напиша Греам, во услови на тековните антивладини протести на Блискиот Исток.

Трамп претходно го предупреди Техеран да не презема мерки против демонстрантите, заканувајќи се со воена акција против земјата доколку им се нанесе штета.

Дополнително, тензиите меѓу Израел и Иран остануваат високи, а медиумските извештаи сугерираат можност за обновени израелски воздушни напади против Техеран..

Најнови вести од: Свет

Почна Октоберфест, фестивалот на пивото во Минхен

Илјадници посетители – жени во баварски фустани („дирндл“) и мажи во кожни панталони („ледерхозен“) – уште во утринските часови се упатија кон шаторите за пиво на саемскиот простор „Терезиенвизе“ во Минхен за да обезбедат добри места на клупите

To top