Свет

Трамп: Илјада ракети се подготвени за Иран доколку се обидат да ме убијат

Ситуацијата меѓу Вашингтон и Техеран останува крајно напната, а најновите закани и санкции дополнително ја заоструваат кризата во регионот.

Американскиот претседател Доналд Трамп упати остра закана до Иран, предупредувајќи дека Соединетите Американски Држави ќе одговорат со разорни напади доколку иранските власти извршат или се обидат да извршат атентат врз него.

Во објава на социјалната мрежа „Трут социјал“, Трамп напиша:

„Илјада ракети се подготвени и насочени кон Исламската Република Иран, а веднаш по нив следуваат уште илјадници ако иранската влада постапи според заканата… Наредбите веќе се издадени, а американската војска е подготвена, сака и може, во период од една година, со можност за продолжување, целосно да ги десеткува и уништи сите подрачја на Иран.“

Во исто време, администрацијата на Трамп воведе нов пакет санкции насочени кон финансиската мрежа поврзана со новиот ирански врховен лидер, ајатолахот Мојтаба Хамнеи. Санкционирани се 13 физички и правни лица, меѓу кои и иранскиот банкар и бизнисмен Али Ансари од Дубаи.

Министерството за финансии на САД соопшти дека санкциите имаат за цел да ги прекинат финансиските врски што ја одржуваат иранската владејачка елита. Портпаролот на Стејт департментот, Томи Пигот, изјави дека САД преземаат одлучни мерки во таа насока.

Од друга страна, Иран реагираше остро. Министерот за надворешни работи, Абас Арагчи, ги обвини САД дека со новите санкции го прекршуваат неодамна потпишаниот меморандум за разбирање меѓу двете земји.

„Проверката на реалноста покажува дека може да постои само взаемно почитување на обврските“, напиша Арагчи на „X“.

Иранскиот главен преговарач, Мохамад Багер Галибаф, порача дека Иран е подготвен за „целосна одбрана“ и дека војната нема да заврши со предавање на Техеран.

Ситуацијата меѓу Вашингтон и Техеран останува крајно напната, а најновите закани и санкции дополнително ја заоструваат кризата во регионот.

Израел ги предупредил САД за ирански план за атентат на Трамп

Најнови вести од: Свет

330 месеци затвор за планиран атентат врз Трамп

За време на судењето, осудениот тврдеше дека „немал друг избор“ освен да ги изврши наредбите, бидејќи лицето кое му давало упатства јасно ставило до знаење дека знае кои се членовите на неговото семејство во Иран и каде се наоѓаат

НАТО и Пентагон разговараат за можното повлекување на американските војници од Европа

Би можело да дојде до намалување на бројот од 80.000 американски војници кои моментално се стационирани на европскиот континент, а целта е да се поттикне Европа да преземе поголем ангажман, овозможувајќи ѝ на американската војска да се фокусира на своите глобални обврски.

Јапонските средношколци што учат македонски јазик во Токио добија вежбанки и книги

Учениците од здружението добиле работни тетратки за вежбање на македонскиот јазик, материјали од „Бушава азбука“, Македонски бајки, како и традиционални омијаге (сувенири) во вид на македонски чоколади и слатки, соопшти Јапонската амбасада

To top