Свет

Трамп им објавува војна на нарко-картелите низ цела Латинска Америка

Вели дека во последните недели, американската војска успеала да ги намали испораките на дрога во САД по море за 96%, напаѓајки бродови на осомничени трговци со дрога

 

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Вашингтон би можел да ги нападне трговците со дрога во Венецуела и другите латиноамерикански земји, пренесе АФП.

„Не станува збор само за Венецуела. Станува збор и за удирање на ужасни луѓе во други земји“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа, зборувајќи за нарко-картелите што работат во Латинска Америка.

Поточно, тој го спомена големото производство на дрога во Колумбија.

Според Трамп, во последните недели, американската војска успеала да ги намали испораките на дрога во САД по море за 96%, напаѓајки бродови на осомничени трговци со дрога.

„Сега ќе го сториме истото и на копно. Ова ќе започне наскоро“, предупреди американскиот лидер.

Најнови вести од: Свет

Почна Октоберфест, фестивалот на пивото во Минхен

Илјадници посетители – жени во баварски фустани („дирндл“) и мажи во кожни панталони („ледерхозен“) – уште во утринските часови се упатија кон шаторите за пиво на саемскиот простор „Терезиенвизе“ во Минхен за да обезбедат добри места на клупите

To top