Свет

Трамп: Зеленски да се согласи да заврши војната

Во интервју за „Фокс њуз“ Трамп го советуваше украинскиот претседател Зеленски да склучи мировен договор со Русија, нагласувајќи ја воената супериорност на Москва

Американскиот претседател Доналд Трамп, веднаш по завршувањето на прес-конференцијата со Путин, даде интервју за „Фокс њуз“, и ја оцени со „дестека“ средбата со рускиот клега

На прашање да го оцени состанокот, Трамп бил недвосмислен. „На скала од еден до 10, денес давам 10“, рекол американскиот претседател.

„Фокс њуз“за состанокот оцени дека би требало да има историско значење, потенцијално споредливо со посетата на Ричард Никсон на Кина во 1972 година.

Доналд Трамп рече дека имал многу добра средба со Путин. Сепак, откри дека „една голема работа“ спречила конечен договор, но одби да открие детали, но нагласи дека верува оти Путин сака војната да заврши.

„Мислам дека тој сака да ја заврши (војната)“, рече Трамп, без да открие која е спорната точка за која не можеа да се согласат. Тој го пофали Путин што се согласил со неговото тврдење дека војната во Украина „никогаш немаше да се случи“ доколку тој беше на чело на САД во времето на руската инвазија.

Бев среќен кога Путин рече дека доколку јас бев претседател, војната немаше да се случи“, рече Трамп.

Тој ја припиша одговорноста за избувнувањето на конфликтот на својот наследник, Џо Бајден, тврдејќи дека тој не ја спречил руската инвазија.

„Оваа војна не требаше да се случи. Знаете, многу војни никогаш не требаше да се случат. За жал, се случуваат глупави работи. Бајден беше ужасен претседател во многу погледи и не требаше да дозволи оваа војна да се случи“, рече Трамп, додавајќи дека останува да се види што ќе се случи следно. „Сакам да видам луѓето да престанат да умираат. Ако можеме да ја завршиме оваа војна, тоа би било многу добро“, рече тој.

Трамп откри дека ќе биде организирана средба меѓу Володимир Зеленски и Владимир Путин, а Трамп навести дека можеби ќе присуствува на состанокот, но не даде никакви детали за времето или локацијата, објави Фокс њуз.

Иако нагласи дека е постигнат „голем напредок“, Трамп остана претпазлив, одбивајќи да ги открие деталите од преговорите. „Нема договор додека нема договор“, рече тој.

Сепак, тој откри дека повеќето од спорните прашања се решени. „Се согласивме за многу точки. Мислам, за многу точки е постигната согласност. Но, нема толку многу… има една или две прилично значајни точки, но мислам дека можат да се решат“, објасни тој.

Трамп нагласи дека клучната улога сега е на украинската страна. „Воопшто не е завршена работа. И Украина мора да се согласи, претседателот Зеленски мора да се согласи“, рече тој. „Сега навистина зависи од претседателот Зеленски да го заврши тоа“, заклучи Трамп, додавајќи дека и европските нации имаат улога во постигнувањето конечен мир.

Доналд Трамп го советуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски да склучи мировен договор со Русија, нагласувајќи ја воената супериорност на Москва и повикувајќи го да постигне мировен договор што е можно поскоро.

Кога директно од водителот беше прашан каков совет би му дал на Зеленски, Трамп одговори без двоумење. „Склучете договор, мора да склучите договор“, рече Трамп.

Тој го оправда своето мислење со наведување на разликата во воената моќ меѓу двете земји, нагласувајќи дека Русија има значителна предност. „Русија е многу голема сила, а тие не се“, заклучи американскиот претседател.

 

Најнови вести од: Свет

Хаос на аеродромите и на границите на ЕУ, откако се воведе ЕЕС-системот, пропуштени летови, нервозни патници, кои се онесвестуваат, чекајќи со часови!

Воведувањето на системот за влез/излез (EES) предизвикува чекање со часови, пропуштени летови и нервозни патници низ цела Европа. Воведувањето на новиот систем за влез/излез (EES), кој се спроведува во повеќето земји од ЕУ, предизвика сериозни проблеми на аеродромите и граничните премини низ цела Европа.

Индиецот го ископал од гробот и го донел скелетот на починатата сестра во банката, за да може да ја подигне нејзината заштеда! (Видео)

Маж од Источна Индија тврди дека бил принуден да го однесе скелетот на неговата сестра во банка за да ја докаже нејзината смрт откако не успеал да ги повлече нејзините заштеди. Видео од државата Одиша, на кое 52-годишниот Џиту Мунданоси носи скелет во банка, стана вирално и предизвика јавен бес. Тој тврди дека го направил тоа од фрустрација бидејќи не можел да пристапи до парите, бидејќи немал официјален доказ за смрт.

Белата куќа ќе избегне да бара одобрение од Конгресот за нови напади врз Иран

Претходно „Тајм“ објави дека демократите би можеле да го тужат американскиот претседател Доналд Трамп ако тој продолжи со воената акција против Иран по 1 мај без да добие одобрение од Конгресот

Хамнеи воинствено кон Трамп: Единственото место за Американците е на дното на Персискиот Залив!

Врховниот лидер на Иран Мочтаба Хамнеи изјави дека „единственото место за Американците во Персискиот Залив е на дното на неговите води“. Изјавата била прочитана на иранската државна телевизија и е пренесена од меѓународни медиуми.

To top