Свет

Трамп ја ослободи Унгарија од санкции за купување руска нафта

Одлуката ја гарантира енергетската безбедност на Унгарија

Американскиот претседател Доналд Трамп одобри „неограничено“ ослободување на Унгарија од санкциите на САД за руската нафта откако се сретна со премиерот Виктор Орбан вчера во Белата куќа.

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, го потврди одва на ‘X’.

„САД ѝ одобрија на Унгарија целосно и неограничено ослободување од санкциите за нафта и гас. Благодарни сме за оваа одлука, која ја гарантира енергетската безбедност на Унгарија“, напиша Сијарто.

Трамп беше домаќин на Орбан во Белата куќа, а поголемиот дел од посетата се фокусираше на барањето на Орбан Трамп да ѝ обезбеди на Унгарија ослободување од американските санкции за купување руска нафта.

Унгарија „доби целосно ослободување од санкции“ за руската нафта и гас испорачани во Унгарија од гасоводите „Дружба“ и „Турски тек“, рече Орбан.

„Го замоливме претседателот да ги укине санкциите“, рече Орбан, додавајќи дека Унгарија е „во значително поинаква ситуација од другите европски земји“.

Според функционер на Белата куќа кој зборуваше под услов да остане анонимен, на Унгарија ѝ беше доделено ослободување од една година.

Украинскиот претседател Зеленски оцени дека состанокот во Белата куќа бил целосно во интерес на Орбан и руските компании.

Најнови вести од: Свет

Трамп за идејата Канада да стане придружна членка на ЕУ: Смешно – тогаш ќе уследат многу сериозни царини!

Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ се закани на Европската Унија со високи царини доколку процени дека приближувањето на Канада кон Унијата е непријателски потег кон САД, објави Политико.

Немири во Хаг по пресудата за водачите на косовската УЧК – неколку демонстранти уапсени (Видео)

Неколку лица се уапсени за време на немирите за време на протестот во Хаг во поддршка на водачите на УЧК кои денеска беа осудени на вкупно 81 година затвор за воени злосторства. Холандската полиција беше принудена да употреби палки, бибер-спреј и водени топови, за да ги контролира демонстрантите, пренесуваат холандските медиуми.

Најнови вести

To top