Свет

Трамп ќе ги чести со по 5.000 долари Американците ако републиканците победат на ноемвриските избори

Со оглед на тоа што во САД живеат приближно 270 милиони возрасни лица, овој потфат би чинел околу 1,35 билиони долари (1,16 билиони евра)

Доналд Трамп изјави дека ќе исплати таканаречена „Трамп-дивиденда“ од 5.000 долари (4.300 евра) на секој возрасен Американец доколку републиканците ја задржат контролата врз Конгресот на ноемвриските избори на средината на мандатот.

„Ако републиканците победат во Претставничкиот дом и во Сенатот – во двата дома – благодарение на нашата огромна економска сила и успех, ќе исплатам дивиденда од 5.000 долари на секој полнолетен граѓанин на САД. Единствениот услов е оваа дивиденда да се потроши во САД“, рече Трамп во Далас, на првата конвенција на Републиканската партија посветена на изборите на средината на мандатот.

Сепак, Ројтерс известува дека не било веднаш јасно како би се спроведувале исплатите или дали тие би биле законски издржани. Со оглед на тоа што во САД живеат приближно 270 милиони возрасни лица, овој потфат би чинел околу 1,35 билиони долари (1,16 билиони евра).

За време на своето обраќање, Трамп се пофали со „двете најдобри години во историјата на претседателствувањето“, ставајќи се себеси во самиот центар на изборите и покрај падот на неговата популарност.

Сепак, остана нејасно дали неговиот говор – кој потсетуваше на предизборен митинг – ќе допре до клучните неопределени гласачи кои, според анкетите, се оддалечиле од партијата на Трамп поради растечкото незадоволство од трошоците за живот и војната против Иран, анализира Ројтерс.

„Ако ја препуштиме иднината на Америка на радикално левичарските демократи, на нашата земја ќе ѝ биде потребна цела наредна деценија само за да застане повторно на нозе. Гласајте за републиканците и ќе го оставиме остатокот од светот далеку зад нас – за генерациите што доаѓаат“, изјави Трамп.

Најнови вести од: Свет

Мерц со порака до Западниот Балкан: Ослободете се од минатото, ако сакате иднина во ЕУ!

Германскиот канцелар Фридрих Мерц повика земјите од Западен Балкан да не останат заробени во минатото, предупредувајќи дека поделбите и поларизацијата не придонесуваат за изградба на подобра европска иднина. Според Мерц, застојот во дијалогот меѓу Приштина и Белград го кочи целиот регион, поради што е неопходен итен напредок.

ЕУ ќе бара од Канада и Британија поголемо финансирање за Украина

ЕУ и нејзините земји-членки обезбедуваат 80 отсто од помошта за Украина, изјави Урсула фон дер Лајен и истакна дека итно е потребно други партнери да го пополнат финансискиот јаз од 70 милијарди евра со кој Киев ќе се соочи следната година

To top