Свет

Трамп му телефонирал на Путин, разговарале еден час

Разговорот бил на иницијатива на САД, а акцентот бил ставен на ситуацијата на Блискиот Исток и во Украина

По иницијатива на САД, денеска телефонски разговарале американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин.

Двајцата изразија подготвеност за редовни разговори, изјави Јуриј Ушаков, помошник на Путин.

„Американскиот претседател нагласи дека, како што беше претходно договорено, таквата комуникација, секако, треба да се одвива редовно. И двајцата лидери рекоа дека се подготвени за тоа“, изјави Ушаков пред новинарите. „Акцентот беше ставен на ситуацијата околу конфликтот со Иран и билатералните преговори за украинското решение, во кои учествуваат претставници на Соединетите Американски Држави“.

Путин презентираше низа позиции насочени кон што побрзо политичко и дипломатско решавање на ситуацијата на Блискиот Исток, а Трамп ја даде својата оценка во контекст на заедничката операција со Израел, додаде советникот на рускиот шеф на државата.

Најнови вести од: Свет

330 месеци затвор за планиран атентат врз Трамп

За време на судењето, осудениот тврдеше дека „немал друг избор“ освен да ги изврши наредбите, бидејќи лицето кое му давало упатства јасно ставило до знаење дека знае кои се членовите на неговото семејство во Иран и каде се наоѓаат

НАТО и Пентагон разговараат за можното повлекување на американските војници од Европа

Би можело да дојде до намалување на бројот од 80.000 американски војници кои моментално се стационирани на европскиот континент, а целта е да се поттикне Европа да преземе поголем ангажман, овозможувајќи ѝ на американската војска да се фокусира на своите глобални обврски.

Јапонските средношколци што учат македонски јазик во Токио добија вежбанки и книги

Учениците од здружението добиле работни тетратки за вежбање на македонскиот јазик, материјали од „Бушава азбука“, Македонски бајки, како и традиционални омијаге (сувенири) во вид на македонски чоколади и слатки, соопшти Јапонската амбасада

To top