Свет

Трамп најави прогласување на Ормускиот теснец за територија на САД

По „поразот“ на Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека по завршувањето на војната со Иран и, како што самиот рече, неговиот „пораз“, ќе го прогласи Ормускиот теснец за територија на Соединетите Американски Држави.

Трамп ова го кажал за време на говор во полициската академија во округот Насау, во Гарден Сити, на Лонг Ајленд. Изјавата ја дал со насмевка, па не е јасно дали станува збор за сериозна најава на политика или за провокативна изјава.

„Откако ќе завршиме со поразот на Иран, кој трпи тежок пораз, многу брзо ќе го прогласам Ормускиот Теснец за територија на Соединетите Американски Држави“, рекол Трамп.

Американскиот претседател и претходно тврдеше дека САД имаат „целосна контрола“ врз стратешкиот морски премин. Во објава на својата социјална мрежа напиша дека американската поморска блокада претставува „челичен ѕид“ и дека бродовите не можат да минат без одобрение.

Сепак, Иран ги отфрла тврдењата на Трамп и инсистира дека Ормускиот теснец е под негова контрола. Сообраќајот низ теснецот во последните денови е речиси целосно запрен, што дополнително ги зголемува тензиите и влијае врз глобалните цени на нафтата.

Изјавата доаѓа во момент кога прашањето за контролата врз Ормускиот теснец е една од клучните точки во напнатоста меѓу Вашингтон и Техеран. Низ овој теснец пред кризата се одвиваше значаен дел од светската трговија со нафта, па неговото блокирање има директни последици врз глобалниот енергетски пазар.

Најнови вести од: Свет

Трамп: Знам повеќе за сè од кој било друг во светот

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го привлече вниманието на јавноста со невообичаено фалење на предизборен митинг во Алабама, во пресрет на претстојните избори на средината на мандатот, тврдејќи пред собраните поддржувачи дека знае повеќе за сите можни теми од кој било човек во светот.

(Видео): Руски дрон го погоди Северниот мост во Киев додека по него се движеа автомобили

Украинските власти подготвуваат алтернативни начини за поврзување на двата брега на Киев во случај мостовите преку Днепар да бидат оштетени во руските напади. Планот вклучува понтонски премини и насипи, а на подолг рок се разгледува и можноста за изградба на тунел под реката. Целта е, во случај на оштетување или затворање на постоечките мостови, да се овозможи непречено поврзување на левиот и десниот брег на Киев.

Обединети Арапски Емирати: Сопилотот на „Флај Дубаи“ го нападнал пилотот со секира, се обидел со „терористички“ напад

Копилотот на летот FZ1073 на „Flydubai“ се обиде да изврши „терористички“ напад за време на летот, изјави во саботата главниот обвинител на Обединетите Арапски Емирати, објави државната новинска агенција WAM.

ЕУ воведува нов вид бензин – Е20, горивото треба да го намали европскиот увоз на нафта

Не е сосема јасно кои возила се прилагодени за E20. Се претпоставува дека повеќето современи бензински мотори би можеле да го користат без тешкотии, а за некои понови модели на BMW веќе има одобренија за поголеми пропорции на етанол.

To top