Свет

Трамп: Прегворите со Иран се како партија шах

Убеден дека се’ се ќе среди како на „шаховска табла“

Претседателот Трамп во неделата сигнализираше дека е подготвен да дозволи економскиот притисок врз Иран да се зголеми – наместо да нареди нова воена офанзива – дури и додека земјата продолжува да им пркоси на САД.

Само пред една недела, Трамп беше на работ да нареди враќање на големи борбени операции. Но, во интервју за Аксиос, тој не упати никакви нови воени закани.

Трамп, исто така, не изрази никаков гнев или фрустрација поради фактот што Иран го одложува објавувањето на договорот со Оман за повторно отворање на Ормутскиот теснец. Во саботата, Иран издаде нов список на барања за да се дозволи овозможи премин на бродовии низ Ормускиот теснец.

„Ние сме воздржани“, рече Трамп за време на краткиот телефонски разговор.

„Ние само полупреговараме со нив. Само го гледаме Иран со неговата огромна инфлација и фактот дека немаат пари.“

Тој нагласи дека Иран „е во многу лоша состојба“ економски и нема пари да ги плати своите војници.

Поморската блокада на САД ја влоши економската криза на иранскиот режим, рече Трамп.

Во исто време, Трамп рече дека со падот на нафтата на малку над 75 долари за барел, американските потрошувачи чувствуваат помалку болка од војната.
„Ќе се среди.

Секогаш се среди. Како шаховска игра е“, рече Трамп за пресметките со Иран.

Како дел од новиот договор, на Иран ќе му се даде делумна контрола врз сообраќајот во теснецот – нешто што го немаше пред војната.

Најнови вести од: Свет

Почна Октоберфест, фестивалот на пивото во Минхен

Илјадници посетители – жени во баварски фустани („дирндл“) и мажи во кожни панталони („ледерхозен“) – уште во утринските часови се упатија кон шаторите за пиво на саемскиот простор „Терезиенвизе“ во Минхен за да обезбедат добри места на клупите

To top