Свет

Трамп: Путин потполно го изгуби умот!

„Не знам што му е. Што по ѓаволите му се случи? Убива многу луѓе. Не сум среќен поради тоа“, изјави американскиот претседател за новинарите на аеродромот во Мористаун, Њу Џерси, додека се подготвуваше да се врати во Вашингтон. Забелешките на Трамп беа како одговор на руските воздушни напади врз украинските градови во текот на ноќта […]

„Не знам што му е. Што по ѓаволите му се случи? Убива многу луѓе. Не сум среќен поради тоа“, изјави американскиот претседател за новинарите на аеродромот во Мористаун, Њу Џерси, додека се подготвуваше да се врати во Вашингтон.

Забелешките на Трамп беа како одговор на руските воздушни напади врз украинските градови во текот на ноќта во неделата, вклучувајќи го и главниот град Киев.

Малку подоцна, Трамп го даде истиот коментар на неговата „Truth social“.

„Отсекогаш сум имал многу добри односи со Владимир Путин од Русија, но нешто му се случи. Тој полудел целосно! Убива толку многу луѓе непотребно, а не зборувам само за војници. Ракети и беспилотни летала се испукуваат врз градови во Украина без причина.

Секогаш велев дека ја сака ЦЕЛА Украина, а не само дел од неа, и можеби ќе се докаже дека сум во право, но ако се обиде да го стори тоа, тоа ќе доведе до пропаст на Русија!“

Исто така, претседателот Зеленски не ѝ прави никаква услуга на својата земја со начинот на кој зборува. Сè што излегува од неговата уста предизвикува проблеми, не ми се допаѓа, и подобро да престане.

Најнови вести од: Свет

Цената на нафтата падна по сигналите од Иран за можни нови преговори со САД

Ормутскиот Теснец е една од најважните светски рути за транспорт на енергенси. Пред избувнувањето на конфликтот низ него се транспортираа околу 20 проценти од глобалните резерви на нафта, поради што секое нарушување на сообраќајот предизвикува стравувања од недостиг и раст на цените.

To top