Свет

Трамп: Рок да заврши војната е – кога ќе заврши

Стив Виутков, специјалниот претставник на американскиот претседател денеска ќе пристигне во Москва

 

„Немам краен рок. Мојот краен рок е кога ќе заврши војната, и се надевам дека ќе заврши“, изјави американскиот претседател според кој САД немаат краен рок кога треба да заврши војната во Украина.

Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, ќе пристигне во Москва во денеска, објави Си-Ен-Ен вчера, повикувајќи се на анонимен американски функционер.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави во петокот дека средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин, Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер, ќе се одржи во првата половина од следната недела, без да го открие точниот датум.

Пред една недела, „Фајненшл тајмс“, „Вашингтон пост“ и „Блумберг“, повикувајќи се на извори, објавија дека бројот на точки во мировниот план развиен од САД е намален од 28 на 19 како резултат на разговорите во Женева.

„Волстрит џурнал“ откри, повикувајќи се на неименуван функционер на американската администрација, дека на украинско-американските разговори во Флорида се дискутира, меѓу другото, „можноста за размена на територии меѓу Украина и Русија“.

Најнови вести од: Свет

Како Кина се подготвува за ризикот вештачката интелигенција да избега од човечка контрола?!

Нов технолошки судир меѓу Кина и САД: Во фокусот контролата врз вештачката интелигенција. Но до каде оди човештвото, што се може да се поремети?! Предупредувањата од Антропик“ истражувачите во водечкиот американски развивач на вештачка интелигенција, дека сè помоќните модели би можеле да избегаат од човечка контрола, па дури и да доведат до истребување на човечката раса, го привлекоа вниманието во Кина каде креаторите на политики се подготвуваат за некои од истите ризици, објави „Ројтерс“.

„Реформи“ на здравственото осигурување во Германија: поскапување на лековите, болничкиот престој и терапиите!

Во текот на следните две години, осигурениците во системот на задолжително здравствено осигурување (GKV) во Германија ќе се соочат со низа промени,  кои  веројатно ќе ги зголемат нивните лични трошоци за здравствена заштита.

To top