Свет

Трамп утре ќе се слушне со Путин

Кремљ потврди дека утре ќе се одржи телефонски разговор меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп. „Разговорите се подготвуваат“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, јавија руски новински агенции. Претходно, Трамп објави на платформата Truth Social дека ќе разговара со Путин по телефон во понеделник, а потоа и со Зеленски. „Тема на разговорот ќе биде да […]

Кремљ потврди дека утре ќе се одржи телефонски разговор меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп.

„Разговорите се подготвуваат“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, јавија руски новински агенции.

Претходно, Трамп објави на платформата Truth Social дека ќе разговара со Путин по телефон во понеделник, а потоа и со Зеленски.

„Тема на разговорот ќе биде да се запре крвопролевањето во кое просечно убиваат 5.000 руски и украински војници неделно, како и трговијата“, напиша Трамп на својата мрежа Truth Social.

Тој додаде дека потоа ќе разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски и одредени членки на НАТО.

„Се надевам дека ќе биде продуктивен ден, дека ќе има примирје и дека оваа насилна војна, војна што никогаш не требаше да се води, ќе заврши“, напиша Трамп.

Најнови вести од: Свет

Петмина загинати во пукање во градот Штаде, во северниот дел на Германија

Пет лица загинаа денес при пукање во германскиот град Штаде во Долна Саксонија, соопшти полицијата. – Полицијата потврди дека се приведени двајца осомничени сторители, меѓу кои и наводниот напаѓач

Ватикан ја критикува ЕУ дека ги мери војните со двоен аршин

Европската унија наметнува економски санкции на една земја и испраќа финансиска помош и оружје на друга, но не постапува на ист начин при други, уште потешки воени инвазии со уште посурови последици за цели народи

To top