Свет

Трамп вели дека САД можат да водат војни колку што сакаат

Војни можат да се водат засекогаш и многу успешно користејќи ги огромните количества на муниција, објави американскиот претседател

 

Претседателот на САД, Доналд Трамп, најави итен одговор на иранскиот напад со беспилотни летала врз амбасадата на САД во Ријад, кој предизвика мал пожар и штета, но според извори на Ројтерс, немало повредени бидејќи зградата била празна.

Нападот со беспилотни летала се случил во услови на континуирани ирански ракетни и беспилотни напади врз земјите од Персискиот Залив кои се домаќини на американски воени бази, по нападите на САД и Израел врз Иран во саботата.

Трамп синоќа објави порака на својата платформа Truth Social во која обзнани дека САД имаат рекордни залихи на муниција со средно и високо ниво.

Како што напиша,му било кажано дека САД имаат практично неограничени залихи од ова оружје.

„Војни можат да се водат засекогаш и многу успешно користејќи само овие залихи“, рече тој.

Тој го обвини Џо Бајден дека потрошил стотици милијарди долари американски пари давајќи ѝ на Украина врвно оружје без да ги надополни залихите.

Трамп тврди дека ја обновил армијата за време на неговиот прв мандат и продолжува да го прави тоа.

„Соединетите Американски Држави се добро снабдени и подготвени да извојуваат ГОЛЕМА ПОБЕДА“, заклучи Трамп.

Најнови вести од: Свет

Трамп на Самитот на НАТО: Примирјето со Иран е завршено

Американскиот претседател Доналд Трамп првпат се огласи по ноќешните американски воени напади врз Иран, оценувајќи дека примирјето меѓу двете земји повеќе не постои и дека САД одговориле со силна воена акција.

Најнови вести

To top