Свет

Трговци со оружје активни во Македонија осудени во Лондон

,,Ерсервисис“ работела во Велика Британија, Грција, Македонија, Хонг Конг и Јужен Судан

Двајца мажи осудени во Велика Британија за обид за испраќање оружје во конфликтни зони

Мажите се обиделе да посредуваат во продажба на оружје до дестинации, вклучувајќи го и Јужен Судан

Двајца мажи се прогласени за виновни во британски суд за водење операција за посредување со оружје во која се обиделе да испратат оружје – вклучувајќи борбени авиони и ракетни системи земја-воздух – до конфликтни зони.

Дејвид Гринхалг, 68, и Христос Фармакис, 48, се осудени за посредување во снабдувањето со оружје од источноевропските земји до дестинации, вклучувајќи ги Судан, Јужен Судан, Либија, Ирак и Иран.

Двајцата мажи денеска беа прогласени за виновни по осум точки од обвинението за нелегална трговија со оружје во Крунскиот суд во Саутерк.

Гринхалг, кој е Британец, беше осуден за уште две слични кривични дела, додека Фармакис – грчки државјанин кој беше суден во отсуство – беше прогласен за виновен за уште едно.

Според Службата за крунско обвинителство (CPS), бизнис советникот Фармакис со седиште во Лондон водеше преговори преку компанија регистрирана на Кипар наречена Black Betty Consulting.

Гринхалг, од градот Кројдон, е сопственик и контролен директор на групацијата компании „Ерсервисис“ кои работеле меѓународно, вклучително и во Велика Британија, Грција, Македонија, Хонг Конг и Јужен Судан.

Тој ја користел оваа странска мрежа за да се обиде да ги скрие своите зделки од британските власти, соопшти CPS.

Британската канцеларија за даноци и царини (HMRC) соопшти дека иако зделките биле склучени надвор од јурисдикцијата на Велика Британија, Гринхалг, како британски државјанин, сè уште бил „подложен на трговски контроли на Велика Британија каде и да вршел бизнис во светот“.

Помеѓу јули 2009 и декември 2016 година, двајцата се обиделе да посредуваат во снабдувањето со оружје на земјите кои во тоа време биле предмет на ембарго за оружје од Велика Британија.

Според HMRC, купувачите од наменетите дестинации биле „очајни за опрема“ и биле „подготвени да платат многу надуени цени“.

Некои од зделките изнесувале десетици милиони долари, соопшти HMRC.

Гринхалг и Фармакис набавувале залихи од земји како Украина, Белорусија, Србија и Чешка.

Некои од овие оружја вклучувале ракетни системи земја-воздух способни да соборат авиони, борбени хеликоптери, борбени тенкови, противтенковски лансери за ракети, ракетни гранати и борбени авиони.

Според е-поштата, Гринхалг пишувал за предложен договор за снабдување на Јужен Судан со 100.000 пушки АК-47, забележувајќи дека „Ирак и Сирија собираат секое парче лесно оружје на пазарот“ и предупредувајќи го контактот дека „Европа НЕМА да ја прифати вашата документација. Ќе ви треба поддршка од други браќа“.

Двајцата мажи разговарале во е-пошта за фалсификување документи и насочување на испораки преку трети земји за да ги сокријат крајните дестинации на оружјето.

Едвиџ Хил, заменик-директор во Службата за истражување на измами на HMRC, рече дека двајцата мажи „покажале очигледно непочитување на меѓународните санкции, обидувајќи се да профитираат од нелегалното снабдување со оружје“.

Пресудите биле „јасно предупредување“ за другите што се обидуваат да испратат залихи до санкционирани или ембаргоирани дестинации, додаде Хил.

Ања Хомаер, специјализирана обвинителка од CPS, изјави дека агенцијата „нема да се двоуми да ги гони оние кои сакаат да профитираат од конфликтот“.

На Гринхалг и Фармакис ќе им бидат изречена пресуда на 22 јули.

Најнови вести од: Свет

Хаотичниот систем за влез / излез во Европа може да потрае и до две години и да ги измачува патниците!

Два месеци по лансирањето на новите биометриски гранични проверки во Европа, долгите редици и недоследните процедури продолжуваат да ги фрустрираат патниците. Функционер на Фронтекс предупредува дека проблематичниот систем за влез/излез може да потрае до две години за целосно да се стабилизира, перспектива што туристичката индустрија ја нарече „многу болна“, објави „Еуроњуз“.Фронтекс, агенцијата која помага во управувањето со надворешните граници на ЕУ, призна дека собирањето биометриски податоци е едно од главните проблеми што предизвикуваат проблеми во почетната фаза на шемата.

Најнови вести

To top