Свет

Уапсен и трет осомничен за кражбата во Лувр

Накитот сè уште не е пронајден. Неговата вредност се проценува на 88 милиони евра

Француската телевизија BFM утрово објави дека бил уапсен и трет (од четворицата) осомничен во врска со грабежот во музејот Лувр во Париз.

Полицијата го уапси во среда вечерта во парискиот регион, а според BFM, се сомнева дека човекот бил на местото на злосторството кога се случил грабежот.

Четири маскирани крадци украдоа скапоцен накит од галеријата Аполо во Лувр, во која се сместени француските кралски скапоцености, за време на работното време наутро на 19 октомври, откривајќи слабости во безбедносниот систем на најпосетуваниот музеј во светот.

Се појави снимка од грабежот во Лувр (ВИДЕО)

Двајца мажи уапсени минатиот викенд под сомнение дека влегле во музејот низ прозорец на горниот кат и ги украле скапоцените предмети „делумно признале“ за нивната вмешаност во грабежот, соопшти канцеларијата на парискиот обвинител.

Накитот сè уште не е пронајден. Неговата вредност се проценува на 88 милиони евра

Како што потврди париската обвинителка Лаура Бекуау, осомничените биле уапсени во саботата навечер и испрашувани 96 часа, по што биле изведени пред истражен судија кој ќе одлучи дали формално ќе ги обвини за вооружен грабеж како дел од организирана група, кривично дело казниво со затвор до 15 години.

Најнови вести од: Свет

Масовно „чистка“ во Пентагон: Хегсет го смени шефот на Генералштабот и уште неколку други генерали без објаснување

Отпуштањето доаѓа во многу чувствителен момент – додека американските сили водат активни воени операции против Иран, а илјадници војници од 82-ра воздушно-десантна дивизија се упатуваат кон регионот.

To top