Свет

Уапсен убиецот на американската конгресменка

Полицијата во Минесота го уапси мажот кој во саботата ја застрела ги уби демократската конгресменка Мелиса Хортман и нејзиниот сопруг, Марк, објави ABC News, повикувајќи се на Ројтерс. Осомничениот е уапсен во близина на неговата фарма во близина на Грин Ајл, Минесота. Канцеларијата на шерифот во округот објави фотографија на социјалните мрежи на која се […]

Полицијата во Минесота го уапси мажот кој во саботата ја застрела ги уби демократската конгресменка Мелиса Хортман и нејзиниот сопруг, Марк, објави ABC News, повикувајќи се на Ројтерс.

Осомничениот е уапсен во близина на неговата фарма во близина на Грин Ајл, Минесота.

Канцеларијата на шерифот во округот објави фотографија на социјалните мрежи на која се гледа апсењето на осомничениот напаѓач, 57-годишниот Венс Лутер Боелтер.

Оттогаш, ФБИ и локалната полиција спроведуваа масовна потрага по вооружениот напаѓач, кој избега пеш откако пукаше во полицијата и го напушти возилото во кое полицајците пронајдоа манифест и список на други пратеници и функционери.

Убиството на пратеничката Хортман и нејзиниот сопруг предизвика негодување кај републиканските и демократските политичари низ целата земја и повици за ублажување на острата политичка реторика.

Убиена демократска конгресменка и нејзиниот маж во САД

Најнови вести од: Свет

Расте цената на енергијата, компаниите го губат оптимизмот – Нов економски притисок врз Европа

Економијата на еврозоната продолжува да расте, но со забавено темпо, додека повисоките трошоци за енергија и финансирање создаваат дополнителен притисок врз компаниите и потрошувачката. 

To top