Свет

Убиени четворица новинари и сниматели на Ал џезира во Газа

Израелската војска уби повеќе од 200 новинари и медиумски работници од почетокот на бомбардирањето, вклучувајќи неколку новинари на Ал Џезира и нивни роднини

Четворица вработени во Ал Џезира, вклучувајќи го и новинарот Анас Ал Шариф, беа убиени во израелски напад врз шатор за новинари пред главната порта на болницата Ал-Шифа во Газа, објави Ал Џезира.

Израелската војска вчера објави дека го убила новинарот на Ал Џезира, Анас Ал Шариф (28), во напад врз градот Газа, обвинувајќи го дека раководел со ќелија на Хамас.

Според израелската војска „Анас Ал Шариф служел како водач на терористичка ќелија во рамките на терористичката организација Хамас и бил одговорен за ракетни напади врз израелски цивили и војници на ИДФ“.

Ал Џезира објави дека новинарot бил убиен во она што се чини дека е целен израелски напад врз шатор пред болницата Ал-Шифа.

Дописникот на Ал Џезира, Мохамед Крејкех, и снимателите Ибрахим Захер и Мохамед Нуфал, исто така, биле убиени во нападот.

 

 

Најнови вести од: Свет

Премиерот на Канада до Трамп за преименувањето на езерото Онтарио во „Америка“: Своето име го носи 400 години пред да настанат САД!

Канадскиот премиер Марк Карни се огласи откако американскиот претседател Доналд Трамп донесе одлука езерото Онтарио да го преименува во „Езеро Америка“.

Најмалку 547 мртви во поплавите во Непал и Тибет

Во катастрофалните поплави и лизгања на земјиштето во Непал и Тибет животот го загубија најмалку 547 лица. Повеќе од 1.400 лица сè уште се водат како исчезнати, вклучувајќи стотици странски државјани, пренесуваат агенциите, повикувајќи се на непалските и кинеските власти.

To top