Свет

Украина испрати 228 експерти на Блискиот исток

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека Украина испратила 228 експерти на Блискиот исток за да им помогнат на земјите во одбраната од напади со беспилотни летала

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека Украина испратила 228 експерти на Блискиот исток за да им помогнат на земјите во одбраната од напади со беспилотни летала, како и дека се работи на склучување „сериозни договори“ со регионалните лидери, објави Reuters.

Зеленски најави дека украинските и американските работни групи ќе продолжат да работат на билатерални документи, а за време на викендот во САД ќе се дискутира и за сеопфатен договор за беспилотни летала.

Претходно, Русија објави дека преговорите меѓу САД, Русија и Украина за завршување на војната се во „ситуациска пауза“, главно поради конфликтот со Иран. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека станува збор за привремено запирање и дека Москва очекува продолжување на преговорите штом американската страна повторно се фокусира на украинското прашање.

Зеленски порача дека преговорите би можеле да започнат веќе овој викенд, откако Вашингтон испратил сигнали за подготвеност за нов круг. Украинскиот преговарачки тим веќе е на пат за САД, иако сѐ уште не е познато во кој формат ќе се одржат разговорите и кои ќе учествуваат.

Директорката на американската национална разузнавачка заедница, Тулси Габард, истакна дека Русија сѐ уште има предност на теренот и веројатно ќе ја продолжи стратегијата на исцрпување додека не се постигне договор.

Претходно страните веќе преговарале во Турција, а со посредство на САД и во Абу Даби и Женева, но сѐ уште постојат длабоки разлики, особено околу руските територијални барања кои Украина ги одбива.

Најнови вести од: Свет

Тајландски функционер убиен во неговата канцеларија од поранешен пратеник

Вооружен човек уби тајландски функционер во канцеларија на локалната самоуправа на периферијата на главниот град Бангкок во понеделникот, соопштија властите, неколку дена откако пукањето во училиште во истата покраина повторно ја разгоре дебатата за контрола на оружјето.

Дали британскиот премиер ќе поддржи создавање „Европска конфедерација“ што би ја вклучила и Македонија?!

Британскиот премиер Енди Бернам доби предлог од поранешен член на Конзервативната партија во оваа земја, за создавање „Европска конфедерација“ во која би била вклучена и Македонија.

Најголемата канадска провиција сака да е „отцепи“ и да стане дел од САД

Баба на четири деца, вели дека се приклучила на движењето за да ги заштити своите внуци од глобалните елити и нивниот наводен план за „нов светски поредок“. Таа не му верува на канадскиот премиер Марк Карни, но му верува на Доналд Трамп

САД и Кина во трка за освојување на јужниот пол на Месечината

Ривалството меѓу САД и Кина се префрла во вселената, каде што двете сили ја засилуваат трката за освојување на јужниот пол на Месечината и за воспоставување трајно човечко присуство надвор од Земјата.

To top