Свет

Украинската армија би можела да ја брани источна Европа

Откако борбите во Украина ќе завршат со мировен договор, украинските сили би можеле да бидат распоредени за да помогнат во одбраната на источните граници на Европската Унија од Русија

 

Откако борбите во Украина ќе завршат со мировен договор, украинските сили би можеле да бидат распоредени за да помогнат во одбраната на источните граници на Европската Унија од Русија,

„Би било добро ако искусна украинска армија, откако ќе се воспостави мир во Украина, е подготвена да биде присутна во сите земји од нашиот пограничен регион, почнувајќи од балтичкиот регион и во Литванија, заедно со германска бригада и ротирачки американски батаљони“,изјави денеска комесарот за одбрана на ЕУ, Андриус ​​Кубилиус, јавува Политико.

Сепак, таквото сценарио во моментов е многу далечна перспектива, со оглед на тоа што руската армија продолжува со исцрпувачкиот напредок во источна Украина, а рускиот претседател Владимир Путин не покажува интерес за компромисно решение.

Од друга страна, Украина има најискусна армија во Европа, чие знаење би било непроценливо за сојузниците.

Предлогот на Кубилиус доаѓа во време кога ветувањкраиата за членство на Украина во НАТО стануваат сè потивки поради отпорот од САД и другите членки.

Кубилиус, поранешен литвански премиер, нагласи дека распоредувањето на украинските сили нема да ја намали важноста на германската оклопна бригада во Литванија, американското воено присуство во регионот или клаузулата за заедничка одбрана од Член 5 од НАТО.

„Ние Литванците научивме во нашата историја дека е подобро да имаме повеќекратни гаранции за нашата безбедност“, рече тој, додавајќи дека Членот 5 од НАТО треба дополнително да се зајакне со безбедносните одредби на Европската Унија „со јасен механизам за тоа како ќе се спроведуваат“.

Најнови вести од: Свет

Германска банка под истрага, осомничена е за финансирање на еден од најголемите бордели во Европа

Германската регионална банка „Волксбанк Келн Бон“ е под истрага бидејќи во 2021 година одобрила кредит на кинескиот бизнисмен Ху Јинг за купување на еден од најголемите бордели во Европа, „Паша“ во Келн.

Катастрофални поплави меѓу Непал и Тибет: луѓе бегаат панично и огромна маса од вода и карпи се урива врз нив!

Најмалку 22 лица загинаа, а стотици се водат како исчезнати по разурнувачката поројна поплава, што денеска го погоди северен Непал, во близина на границата со Тибет.

To top