Свет

Уште петмина уапсени за грабежот во Лувр

Четворица од нив се очекува да дадат клучни информации за текот на грабежот

Уште пет лица беа уапсени во регионот на Париз во среда навечер, како дел од истрагата за спектакуларната провала во музејот Лувр што се случи во недела, 19 октомври, јави Би-Би-Си.

Париската обвинителка Лаура Бекуо ја потврди веста за RTL, според француските медиуми.

Еден од петте уапсени мажи беше главната цел на истражителите. „Постои ДНК што, според наше мислење, го поврзува со кражбата што беше извршена“, објасни обвинителката Бекуо.

АФП, исто така, објави дека главниот осомничен е меѓу петте нови апсења.

Се очекува преостанатите четворица да можат да дадат клучни информации за текот на грабежот. Апсењата беа извршени на различни локации во и околу Париз.

Украдениот накит провенет на 88 милиони евра уште не е пронајден.

Француската телевизија BFM објави порано утрово дека едно лице е уапсено во регионот на Париз во среда навечер и дека се сомнева дека човекот бил на местото на злосторството на 19 октомври, кога бил извршен грабежот.

Најнови вести од: Свет

Масовно „чистка“ во Пентагон: Хегсет го смени шефот на Генералштабот и уште неколку други генерали без објаснување

Отпуштањето доаѓа во многу чувствителен момент – додека американските сили водат активни воени операции против Иран, а илјадници војници од 82-ра воздушно-десантна дивизија се упатуваат кон регионот.

To top