Свет

Вечерва на полноќ војната продолжува – Русија одбива да го пролонгира примирјето

Одржливиот мир може да дојде кога ќе ги обезбедиме нашите интереси и ќе ги постигнеме целите што ги поставивме

Русија нема да го продолжи велигденското примирје, што истекува вечерва на полноќ, доколку украинскиот претседател Володимир Зеленски не ги прифати условите на Москва, објави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Одржливиот мир може да дојде кога ќе ги обезбедиме нашите интереси и ќе ги постигнеме целите што ги поставивме на почетокот. Тоа буквално може да се направи денеска, но Зеленски мора да ги прифати добро познатите услови“, рече Песков.

„Додека Зеленски не собере храброст да ја преземе одговорноста, специјалната воена операција ќе продолжи по завршувањето на примирјето“, нагласи Песков, кој додаде дека „територијалните разлики“ меѓу Русија и Украина изнесуваат неколку километри.

Најнови вести од: Свет

Иран: Ако Америка пак нападне, ќе удриме по Европа!

„Ако американски авиони полетаат од американска воена база – дури и ако таа се наоѓа во некоја европска земја или во некој друг оддалечен регион – за да го бомбардираат Иран, ние ќе ги гаѓаме и тие бази“, изјави иранскиот шеф за безбедност, Мохсен Резаи

To top