Свет

„Виз Ер“ со важна информација за патниците во однос на летовите

„Ербас“ најави дека ќе приземји илјадници авиони откако e утврдено дека силна сончева радијација може да влијае врз компјутерите за контрола на летот во авионот, што доведе до одложувања низ целиот свет. 

Авиокомпанијата „Виз Ер“ потврдува дека ажурирањето на софтверот што го бараше Ербас беше успешно имплементирано за сите авиони Ербас А320. Додаваат дека сите летови денеска се во тек, без да се очекуваат понатамошни прекини како резултат на проблемот.

„Ажурирањето на софтверот успешно е имплементирано во текот на ноќта на сите засегнати авиони од фамилијата ‘Eрбас А320‘. Сите летови се одвиваат без прекини“, соопштија од авиокомпанијатa.

Велат дека безбедноста за нив е приоритет. Ќе продолжат да ги почитуваат најстрогите стандарди во работењето.

„Ербас“ најави дека ќе приземји илјадници авиони откако e утврдено дека силна сончева радијација може да влијае врз компјутерите за контрола на летот во авионот, што доведе до одложувања низ целиот свет.

Најнови вести од: Свет

Расте цената на енергијата, компаниите го губат оптимизмот – Нов економски притисок врз Европа

Економијата на еврозоната продолжува да расте, но со забавено темпо, додека повисоките трошоци за енергија и финансирање создаваат дополнителен притисок врз компаниите и потрошувачката. 

To top