Свет

За два дена истекува договорот за ограничување на атомското оружје

Русија и Соединетите Американски Држави заедно поседуваат околу 87 проценти од нуклеарното оружје во светот – доволно за да ја уништат планетата многу пати

Row of heavy nuclear missiles against blue sky with clouds

Русија е подготвена за новата реалност на свет безот како ќе истече договорот „Нов СТАРТ“ подоцна оваа недела, изјави шефот на руската контрола на оружјето Сергеј Рјабков, според Ројтерс.

Доколку Москва и Вашингтон не постигнат некакво билатерално разбирање во последен момент, договорот „Нов СТАРТ“, потпишан во 2010 година од страна на американскиот претседател Барак Обама и рускиот претседател Дмитриј Медведев, ќе истече на 5 февруари.

„Недостатокот на одговор е исто така одговор“, рече заменик-министерот за надворешни работи Сергеј Рјабков, шеф на руската контрола на оружјето, за недостатокот на одговор од страна на Вашингтон на руските предлози за продолжување на договорот „Нов СТАРТ“.

Русија и Соединетите Американски Држави заедно поседуваат околу 87 проценти од нуклеарното оружје во светот – доволно за да ја уништат планетата многу пати.

Русија е подготвена за новата реалност на двете најголеми нуклеарни сили во светот, кои за прв пат по децении немаат ограничувања, нагласи Рјабков.

Тој, исто така, посочи дека Русија ја поддржува позицијата на Кина за контрола на оружјето.

Во врска со Иран, Рјабков рече дека предлозите на САД до Исламската Република се еквивалентни на ултиматуми.

Тој предупреди дека ако САД распоредат многу системи за ракетна одбрана во Гренланд, Русија ќе мора да преземе компензаторни мерки во својата воена сфера.

Најнови вести од: Свет

Ердоган: Со својата апокалиптична агенда Израел нè турка во катастрофа, светот мора да го разбере ова варварство и лудило

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Израел е предводен од мрежа, која се смета себеси за супериорна во однос на другите и дека постепено и свесно го влече регионот кон целосна катастрофа.

„Досетлива“ српско-хрватска двојка продавала во Унгарија седативи за коњи како дрога!

Легален бизнис со коњи бил користен како прикритие за продажба на ветеринарен лек-седатив за коњи со кетамин на црниот пазар, но како дрога наменета за луѓе. По апсењето на мажот, во шемата се вклучила и неговата сопруга. Обвинителството во Будимпешта поднесе обвиненија и предложи затворска казна против оваа двојка, државјани на Србија и Хрватска. Според обвинението, 41-годишниот маж водел пансион за коњи и се натпреварувал со коњи. Покрај тоа, од 2019 година, тој редовно продавал ветеринарни лекови што го содржат седативнот кетамин во големи количини.

Пленковиќ: Македонија заслужува јасна перспектива за ЕУ

Хрватска ќе продолжи да ја поддржува Македонија на нејзиниот пат кон членството во Европската Унија. Веруваме дека земјата заслужува јасна ЕУ-перспектива, порача хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ по синоќешната средба со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во Брисел. Пленковиќ на својот налог на „Икс“ објави дека со Мицкоски размениле мислења за актуелните глобални случувања. „Мило ми […]

Трамп се закани дека ќе „разнесе“ иранско гасно поле, Иран најави одмазда врз постројките на соседите

Како резултат на заканите по енергетската инфраструктура на Блискиот Исток, цените на нафтата на светските пазари вчера повторно скокнаа, достигнувајќи 110 американски долари за барел

To top