Свет

Иранската делегација тргнува за Исламабад: Додека Нетанјаху го бомбардира Либан, преговорите се во опасност

Преговорите се најавени како еден од највисоките дипломатски средби меѓу Иран и САД по децении.

Иранската делегација вечерва тргнува кон пакистанскиот главен град Исламабад, каде што се очекува да учествува во високо ниво преговори за постигнување траен мир во регионот. Преговорите ќе се водат врз основа на десетточковиот мировен предлог што го поднесе Техеран, а кој беше прифатен како основа за дијалог од страна на Соединетите Американски Држави.

Иранскиот амбасадор во Пакистан, Реза Амири Могадам, изјави дека делегацијата пристигнува „за сериозни разговори“, но истакна дека во Иран расте скептицизмот и се губи довербата во процесот поради постојаните прекршувања на примирјето од страна на Израел. „И покрај скептицизмот на иранското јавно мислење поради повторените прекршувања на примирјето од израелскиот режим со цел да се саботира дипломатската иницијатива, ние сепак прифаќаме да разговараме“, порача амбасадорот.

Според ирански извори, Израел продолжува со интензивни воздушни напади врз Либан, при што во последните денови загинаа стотици лица. Техеран смета дека овие дејствија директно го нарушуваат примирјето постигнато со посредство на Пакистан и дека ги кршат клучните точки од десетточковиот предлог, особено оние што се однесуваат на целосно запирање на непријателствата во целиот регион, вклучително и Либан.

„Додека Нетанјаху продолжува да бомбардира без милост врз Либан, тешко е да се види како овие преговори можат да дадат резултат“, изјавија ирански дипломатски извори. Иранскиот парламентарен спикер Мохамад Багер Галибаф, кој се очекува да ја предводи делегацијата, претходно обвини дека три клучни клаузули од иранскиот план веќе се прекршени: запирањето на воените дејствија во Либан, забраната за нарушување на иранскиот воздушен простор и признавањето на правото на Иран за нуклеарно збогатување.

Пакистанскиот премиер Шебаз Шариф, кој одигра клучна посредничка улога во постигнувањето на привременото примирје, ја покани иранската и американската делегација во Исламабад за да се разговара за конечен договор што ќе ги реши сите спорови. Преговорите се најавени како еден од највисоките дипломатски средби меѓу Иран и САД по децении.

Сепак, тензиите остануваат високи. Иран предупредува дека доколку израелските напади врз Либан не престанат веднаш, процесот на преговори може да биде сериозно загрозен, а примирјето – целосно доведено во прашање.

Најнови вести од: Свет

Цената на нафтата оди на горе, но што се случува со златото на берза?!

Златото и среброто не донесуваат камата ниту принос, за разлика од обврзниците или штедењето. Затоа, кога каматните стапки растат или остануваат високи, инвеститорите се свртуваат кон инструменти што генерираат принос, а побарувачката за скапоцени метали се намалува. Со други зборови, повисоките приноси од обврзници го зголемуваат „трошокот за држење“ на златото. Друг важен фактор е зајакнувањето на американскиот долар.

„Ќе зборувавте француски да не бевме ние“: Кралот Чарлс врати на шегата на Трамп

Британскиот крал Чарлс III го искористи својот говор на државната вечера во Белата куќа во вторникот за да му „врати“ на американскиот претседател Доналд Трамп, кој во јануари им рече на европските лидери дека без помошта на САД во Втората светска војна сега ќе зборувале – германски

По поразот на изборите: Орбан ја нуди оставката од челото на Фидес

Унгарскиот премиер во заминување, Виктор Орбан, во вторник понуди оставка од функцијата претседател на неговата десничарска партија Фидес, а конечната одлука ќе ја донесе партискиот конгрес во јуни.

To top