Свет

Застрашувачки кадри од израелски Бат Јам по ракетирањето од Иран (ВИДЕО)

Најмалку седум лица загинаа, над 100 беа повредени, а тројца се водат како исчезнати откако иранска балистичка ракета ноќеска удри во станбена зграда во централниот израелски град Бат Јам, со 120 илјади жители, јужно од Тел Авив. Ракетата носела боева глава од стотици килограми, според Израелските одбранбени сили (ИДФ). Градоначалникот на Бат Јам, Цвика Брот, […]

Најмалку седум лица загинаа, над 100 беа повредени, а тројца се водат како исчезнати откако иранска балистичка ракета ноќеска удри во станбена зграда во централниот израелски град Бат Јам, со 120 илјади жители, јужно од Тел Авив.

Ракетата носела боева глава од стотици килограми, според Израелските одбранбени сили (ИДФ).

Градоначалникот на Бат Јам, Цвика Брот, изјави дека „61 зграда е оштетена на еден или друг начин – шест од нив ќе треба целосно да се урнат“.

Најнови вести од: Свет

Трамп: Знам повеќе за сè од кој било друг во светот

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го привлече вниманието на јавноста со невообичаено фалење на предизборен митинг во Алабама, во пресрет на претстојните избори на средината на мандатот, тврдејќи пред собраните поддржувачи дека знае повеќе за сите можни теми од кој било човек во светот.

(Видео): Руски дрон го погоди Северниот мост во Киев додека по него се движеа автомобили

Украинските власти подготвуваат алтернативни начини за поврзување на двата брега на Киев во случај мостовите преку Днепар да бидат оштетени во руските напади. Планот вклучува понтонски премини и насипи, а на подолг рок се разгледува и можноста за изградба на тунел под реката. Целта е, во случај на оштетување или затворање на постоечките мостови, да се овозможи непречено поврзување на левиот и десниот брег на Киев.

Обединети Арапски Емирати: Сопилотот на „Флај Дубаи“ го нападнал пилотот со секира, се обидел со „терористички“ напад

Копилотот на летот FZ1073 на „Flydubai“ се обиде да изврши „терористички“ напад за време на летот, изјави во саботата главниот обвинител на Обединетите Арапски Емирати, објави државната новинска агенција WAM.

ЕУ воведува нов вид бензин – Е20, горивото треба да го намали европскиот увоз на нафта

Не е сосема јасно кои возила се прилагодени за E20. Се претпоставува дека повеќето современи бензински мотори би можеле да го користат без тешкотии, а за некои понови модели на BMW веќе има одобренија за поголеми пропорции на етанол.

To top