Свет

Зеленски: Европа мора да биде на масата за преговори со Русија

Тој исто така предупреди дека би било илузија да се верува дека војната може да се заврши со поделба на Украина

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска во Минхен изјави дека очекува следната рунда мировни преговори со Русија, со посредство на САД, да биде сериозна, суштинска и корисна. Нова рунда разговори ќе се одржи во Женева во вторник и среда.

– Понекогаш се чини како страните да зборуваат за сосема различни работи – рече Зеленски, додавајќи дека клучниот фокус е да се обезбеди дека „за четири години, цивилизираниот свет нема повторно да биде принуден да се оправдува и да бара некој друг да го обвини“ за уште една војна.

Претседателот истакна дека Европа практично не е присутна на преговарачката маса, што според него е „голема грешка“.

Тој исто така предупреди дека би било илузија да се верува дека војната може да се заврши со поделба на Украина и нагласи дека на Русија „не смее да ѝ се даде никаква надеж дека може да остане неказнета за ова злосторство“.

– Колку сме посилни, толку пореален станува мирот – додаде Зеленски, нагласувајќи дека Украина е подготвена за договор кој ќе донесе вистински мир и за земјата и за Европа.

Најнови вести од: Свет

Обединети Арапски Емирати: Сопилотот на „Флај Дубаи“ го нападнал пилотот со секира, се обидел со „терористички“ напад

Копилотот на летот FZ1073 на „Flydubai“ се обиде да изврши „терористички“ напад за време на летот, изјави во саботата главниот обвинител на Обединетите Арапски Емирати, објави државната новинска агенција WAM.

ЕУ воведува нов вид бензин – Е20, горивото треба да го намали европскиот увоз на нафта

Не е сосема јасно кои возила се прилагодени за E20. Се претпоставува дека повеќето современи бензински мотори би можеле да го користат без тешкотии, а за некои понови модели на BMW веќе има одобренија за поголеми пропорции на етанол.

Осуденичка на смрт преживеа обид за погубување откако ѝ беа дадени две смртоносни дози

Повеќе од 40 минути по втората доза, таа сè уште покажувала знаци на живот, по што била пренесена во болница, а нејзините адвокати тврдат дека нов обид за егзекуција би покренал прашања во врска со забраната за сурови и необични казни, содржана во Осмиот амандман од америкнскиот устав

To top