Свет

Зеленски им нуди помош на земјите од Блискиот Исток против иранските дронови

Украинскиот претседател во замена бара од нив да влијаат кај Русите за прекин на огнот во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски е подготвен да им помогне на земјите од Блискиот Исток во борбата против иранските дронови „шахеди“ доколку тие му помогнат да постигне прекин на огнот во Украина, објави Блумберг.

„Би го предложил следново: лидерите од Блискиот Исток имаат одлични односи со Русите. Тие би можеле да побараат од Русите да спроведат едномесечно примирје. Штом ќе се постигне прекин на огнот, ние ќе ги испратиме нашите најдобри оператори на пресретнувачи на беспилотни летала во земјите од Блискиот Исток“, изјави Зеленски.

Прекин на огнот би можел да се прогласи и на два месеца или на две недели, „за да можеме да им помогнеме на земјите од Блискиот Исток да ги заштитат цивилите“, додаде тој.

Најнови вести од: Свет

Се крои ново пуштање нафта од резервите, од кога конкретно?!

Земјите-членки на ИЕА веќе на 11 март одлучија да ослободат рекордни 400 милиони барели нафта од резервите, што одговара на околу една петтина од вкупните резерви, на пазарот со цел да се ублажи наглиот пораст на цените на нафтата на светските пазари.

To top