Свет

Зеленски најави дронови врз Москва на Денот на ослободувањето од фашизмот

Во интервју од Ереван, Ерменија, тој инсистираше дека затоа мора да се одржи „притисокот преку санкции“

Одлуката на Русија да не вклучи воена опрема во парадата на 9 мај за прв пат по речиси две децении покажува дека земјата „не е силна во моментов“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Во интервју од Ереван, Ерменија, тој инсистираше дека затоа мора да се одржи „притисокот преку санкции“.

Зеленски истакна дека украинските беспилотни летала „може да летаат и над оваа парада“ бидејќи се способни да ја достигнат.

Руското Министерство за одбрана претходно изјави дека нема да биде прикажано оружје за време на парадата на Денот на победата поради безбедносни причини. Последниот пат кога ова се случи беше во 2007 година.

Најнови вести од: Свет

Трамп за идејата Канада да стане придружна членка на ЕУ: Смешно – тогаш ќе уследат многу сериозни царини!

Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ се закани на Европската Унија со високи царини доколку процени дека приближувањето на Канада кон Унијата е непријателски потег кон САД, објави Политико.

Немири во Хаг по пресудата за водачите на косовската УЧК – неколку демонстранти уапсени (Видео)

Неколку лица се уапсени за време на немирите за време на протестот во Хаг во поддршка на водачите на УЧК кои денеска беа осудени на вкупно 81 година затвор за воени злосторства. Холандската полиција беше принудена да употреби палки, бибер-спреј и водени топови, за да ги контролира демонстрантите, пренесуваат холандските медиуми.

To top