Свет

Зеленски: “Путин не сака да признае дека само тој сака војна’

„Речиси половина од вашите 26 години на власт во Русија ги поминавте во војната против Украина“ му порача Зеленски на рускиот колега

откако Владимир Путин изјави во Санкт Петербург дека не гледа никаква смисла во средбата со Володимир Зеленски, следеше одговорот на украинскиот претседател.

Зеленски на Телеграм објави дека таков став значи дека Русија „повторно избира војна“, а реакцијата на Путин ја нарече „слаба“.

„Тој не сака да признае дека само тој сака војна“

„Тој едноставно не сака да ја заврши војната“, додаде Зеленски, тврдејќи дека Путин „не сака ништо да промени и не сака да признае дека само тој и оние што заработуваат од неа ја сакаат неговата војна“.

Unfortunately, the Russian side once again chooses war – everyone heard the response today. Weak response. He simply does not want to end the war.

Зеленски му испрати отворено писмо на Путин во кое му испрати лична покана нудејќи му средба лице в лице за да се стави крај на војната. Писмото е објавено еден ден откако Украина започна голем напад врз Санкт Петербург, погодувајќи голем нафтен депо и воени цели, истото утро кога Путин ги пречека светските лидери во градот за неговиот клучен економски форум, објавува „The Kiev Independent“.

Во писмото, Зеленски презентира аргументи зошто Путин треба да го прекине конфликтот и ги поставува условите за повторно отворање на преговорите.

„Оваа војна е ваш личен избор“

„Речиси половина од вашите 26 години на власт во Русија ги поминавте во војната против Украина“ му порача Зеленски на рускиот колега

Што и да кажете за НАТО, геополитиката и рускиот јазик, оваа војна е ваш личен избор – војна без вистинска причина. Така ќе ве памети историјата“, додаде тој.

Најнови вести од: Свет

Дали британскиот премиер ќе поддржи создавање „Европска конфедерација“ што би ја вклучила и Македонија?!

Британскиот премиер Енди Бернам доби предлог од поранешен член на Конзервативната партија во оваа земја, за создавање „Европска конфедерација“ во која би била вклучена и Македонија.

Најголемата канадска провиција сака да е „отцепи“ и да стане дел од САД

Баба на четири деца, вели дека се приклучила на движењето за да ги заштити своите внуци од глобалните елити и нивниот наводен план за „нов светски поредок“. Таа не му верува на канадскиот премиер Марк Карни, но му верува на Доналд Трамп

САД и Кина во трка за освојување на јужниот пол на Месечината

Ривалството меѓу САД и Кина се префрла во вселената, каде што двете сили ја засилуваат трката за освојување на јужниот пол на Месечината и за воспоставување трајно човечко присуство надвор од Земјата.

„Политико“: Црна Гора и Исланд можат заедно во ЕУ, која отвара нова сцена за проширувањето

Исланд и Црна Гора би можеле истовремено да станат членки на Европската Унија, доколку Исланѓаните на референдумот на 29 август се изјаснат за повторно отворање на преговорите за членство, објави „Политико“, повикувајќи се на европски претставници и дипломати.

To top