Свет

Зеленски се пожали: Запад притиска да мобилизираме 18-годишници

Ззападните партнери не воведуваат санкции врз Москва затоа што Украина не мобилизира 18-годишници, изјавил украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за унгарското издание „Валас онлајн“, пренесува руското издание на Би-Би-Си. Тој рече дека западните партнери, меѓу причините зошто не воведуваат санкции за Русија, меѓу другото наведувалетоа што Украина не мобилизира луѓе од 18 години“, рече […]

Ззападните партнери не воведуваат санкции врз Москва затоа што Украина не мобилизира 18-годишници, изјавил украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за унгарското издание „Валас онлајн“, пренесува руското издание на Би-Би-Си.

Тој рече дека западните партнери, меѓу причините зошто не воведуваат санкции за Русија, меѓу другото наведувалетоа што Украина не мобилизира луѓе од 18 години“, рече Зеленски.

„Никогаш порано не сум зборувал за ова, но бидејќи ме прашавте, ќе ви кажам што мислам, бидејќи ова е чувствително прашање: не мислам дека треба да мобилизираме луѓе од 18 години, како што веруваат лидерите на другите земји.“

Темата за намалување на возраста за мобилизација во Украина е исклучително чувствителна.

Американската администрација под претседателот Бајден постојано ја повикуваше украинската влада да го стори тоа.

Официјално, Киев вели дека нема да ја намали возраста за воена мобилизација.

Украинското законодавство предвидува мобилизација на регрути на возраст меѓу 25 и 60 години.

А, мажите на возраст од 18 до 24 години можат доброволно да се приклучат на армијата.

Просечната возраст на украинската војска надминува 40 години. ЊУЗ.БГ

Најнови вести од: Свет

Избори во две германски покраини, Мерц пред нов пораз

Анкетите покажуваат дека Христијанско-демократската унија (ЦДУ) – предводена од Фридрих Мерц – едвај ќе го помине изборниот праг во Мекленбург-Западна Померанија, додека во Берлин се очекува да го заземе второто место

Почна Октоберфест, фестивалот на пивото во Минхен

Илјадници посетители – жени во баварски фустани („дирндл“) и мажи во кожни панталони („ледерхозен“) – уште во утринските часови се упатија кон шаторите за пиво на саемскиот простор „Терезиенвизе“ во Минхен за да обезбедат добри места на клупите

To top