СПМ: Дрските предлози на ДУИ и Ахмети од позиции на великоалбанскиот шовинизам се насочени кон уривање на уставниот поредок и слабеење на државата!
„Социјалистичката партија на Македонија ѝ укажува на јавноста дека наместо унитарна ДУИ предлага нестабилна држава, во која малцинството ќе го подреди мнозинството и ќе предлага одлуки, што ќе ја блокираат државата, а се и против интересите за нејзин развој. Социјалистичката партија на Македонија се залага за правна и демократска држава на сите граѓани, согласно со Уставот и законите, што е веќе уредено и признато во меѓународни рамки. Секое барање надвор од тоа е против интересите на граѓаните, државата и на македонскиот народ, но и против системот. Тоа е надвор од законот и претставува и повод за институционална реакција!“ – наведува Социјалистичката партија на Македонија во својата жестока реакција кон предлозите и барањата на ДУИ и нејзиниот лидер Али Ахмети, изнесени на нивниот денешен конгрес, одржан во Скопје.