Тема: Александар Јанев директор на Биро за јавна безбедност

Македонската полиција формира специјализиран тим за позасилена борба против трговијата со дрога

Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев денеска согласно со своите законски надлежности формираше Работен тим, заради уште позасилено покоординирано и поточно откривање, идентификување, документирање и разбивање на криминалните групи и поединци, кои организирано, или самостојно се занимаваат со недозволена трговија со дрога, без разлика дали дејствуваат на локално, регионално, национално, или меѓународно ниво.

Јанев: Кога полицијата стои цврсто, државата стои исправено, таа е посилна од агресивните криминални групи и се бори системски и бескомпромисно против нив!

-Криминалот е технолошки напреден, приспособлив и агресивен. Се обидува да навлезе во сите делови на самиот систем, да ја поткопа довербата и да ја ослаби силата на институциите. Нашата порака е јасна: државата е посилна. Водиме одлучна, системска и бескомпромисна борба против криминалните групи во сите области. Системски дејствуваме врз нивните структури, врски, нивната логистика и нивниот капитал. Никој не е над законот, потенцираше директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев на централната манифестација по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција.

To top