Годинава се очекува огромно количество грозје, многу повеќе во однос на ланската берба
Оваа година очекуваме над 25 милиони килограми плус, за разлика од ланската берба, односно целата берба да биде некаде околу нешто над 100 милиони килограми грозје, што е значаен прогрес. Затоа што Министерството изминатиов период посвети сериозно внимание во делот на системите за наводнување што е круцијално во делот на производството на грозје од овој дел на нашата држава, истакна попладнево министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски.