Македонија

Заврши „Преспански јаболкобер“ прогласени најдобрите земјоделци, овоштари

Берба

 Општина Ресен ја одржа традиционалната манифестацијата „Преспански јаболкобер“ на која почна бербата на јаболки од годинешниот род и ги награди нејдобрите земјоделци за минатата година.

Со општински признанија се здобија Албан Реџепи кој ја доби наградата најдобар млад земјоделец, награда за најуспешна жена земјоделец доби Христина Петковска, а Таше Машуревски е прогласен за најдобар земјоделец.

Во рамки на празничните денови „Преспански јаболкобер“ во Ресен се одржаа промоција на книга од проф. д-р Јагода Митревска, театарска претстава изведоа членовите на драмското студио „Престиж“, како и изложба на тема „Низ четката на преспанските уметници“. Најмладите ресенчани учествуваа на детска ликовна работилница „Јаболче“, а на плоштадот се одржа презентација на производи од јаболка.

Манифестациите од годинешниот „Преспански јаболкобер“ завршија претпладнево со меморијалниот фудбалски турнир „Благој Котларовски-Баги“ и мемораијалниот турнир во ракомет „Зоран Стојановски“.

Најнови вести од: Македонија

Говеда, џукели, глупи сте, ништо не знаете – со овие зборови им се обраќала претседателката на кумановскиот суд на вработените

Дури 75 од 90 вработени ја потпишале претставката против Снежана Манев, УПОЗ дава рок од осум дена, а потоа најавува протести и штрајк. Манев ги отфрла обвинувањата.

To top