Камиони ќе ги блокираат сите граници од Западен Балкан – Муратовска: Ќе има празни рафтови и страшен колапс на стопанството!
Во понеделник, на пладне ќе има целосна блокада за влез и излез на сите гранични премини во земјава. Камионските превозници од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија ќе ги паркираат камионите на сите гранични премини во овие земји и целосно ќе го блокираат товарниот сообраќај кон Европската Унија и транзитот низ регионот. Ќе нема пречки за влез и излез на патничките автобуси и автомобили. Протестот е заеднички – со цел да апелираат да се променат правилата во новиот систем за влез и излез на Европската унија, за пресметување на денови за престој на возачите. Велат тоа ќе го блокира и поскапи транспортот на стоки и ќе ги пропадне економиите на Западен Балкан.