Димитриеска-Кочоска: По подолго време македонската економија закрепнува, раст од 3 отсто во првото четиримесечие во 2025
Реагирајќи на извртувањата на вистината од страна на лидерот на СДС Венко Филипче, министерката за финансии Гордана Димитиевска-Кочовска посочи дека „двете милијарди евра за поддршка на граѓаните и фирмите“ на претходната влада предизвикаа само зголемување на државниот долг на Македонија во однос на бруто-домашниот производ за повеќе од 10 процентни поени во 2020 година споредено со претходната 2019 година, што е најголемо пораст на задолжувањата споредно со земјите од непосредното опкружување, а резултатот од тоа задолжување е најнизок раст.