Тема: демонстрација на презир и омраза кон Македонија како држава

„Н.М„: Исвиркувањата на химната и пораките за „Голема Албанија“ беа за прекројување граници и омраза кон Македонија! – Секоја европска држава би реагирала на тоа жестоко, со кривични постапки и казни!

„Кога се исвиркува македонската химна, кога не се станува во чест на државните симболи, кога се скандираат пароли за ‘голема Албанија’, кога се испраќаат пораки за прекројување граници и понижување на сопствената држава, тогаш тоа не е навивање. Тоа е политичка порака со опасна умисла и организираност. Ова беше организиран амбиент на омраза, нетрпеливост и отворено непочитување кон Македонија како држава. Ниедна сериозна европска држава не би дозволила организирано исвиркување на химната и сепаратистички пораки без жестока реакција. Ниту една! Во Франција, Германија, Италија или во Шпанија ваквите сцени значат експресни казни, кривични постапки, празни трибини и долгорочни забрани. Држава што не се брани себеси, почнува да се распаѓа однатре. Но, тоа нема да се дозволи тоа!“ – нагласува весникот „Нова Македонија“ во својот редакциски коментар со наслов „Кога ја исвиркуваш химната, ја исвиркуваш својата татковина!“.

To top