Тема: ДИК

Што ќе се случи ако во вториот круг нема доволен цензус на локалните избори ?

Според Изборниот законик, ако и по вториот круг од кои било причини не се изврши избор на градоначалник, изборната комисија во рок од 15 дена од завршувањето на изборите ја известува Владата.

До 16 часот гласале повеќе од половина од пријавените болни и немоќни лица

Претседателот на ДИК, Борис Кондарко попладнево информираше дека гласањето на болните, измоштените и затворениците се одвива непречено и без никакви потешкотии. До ДИК, како што рече, не е пристигнато ниту официјално ниту неофицијално известување за евентуални проблеми.

Секој збор може да е казнет – од полноќ почнува изборниот молк за вториот круг

Вечерва на полноќ почнува изборниот молк за политичката кампања за Локалните избори 2025. Молкот, кој почнува вечерва во 0:01 часот, ќе трае до 19:00 часот на 2 ноември, односно денот на изборите во моментот на затворање на гласачките места. За време на молкот медиумите смеат да известуваат за изборите, како и за текот на гласањето, но смеат да објавуваат предизборно рекламирање на кандидатите и нивните партии.

Конечни резултати од ДИК: Во Шуто Оризари ќе се прегласува

Државната изборна комисија (ДИК), во рамките на продолжението на нејзината 150-та седница, денеска ги објави конечните резултати од локалните избори за вкупно 44 општини, при што во 33 од нив градоначалниците се избрани во прв круг, а изборите во преостанатите 33 општини ќе продолжат со втор круг на гласање на 2 ноември

To top