Македонија

Почна диструбицијата на гласачките ливчиња

Вториот круг од локалните избори ќе се одржи во недела.

Вториот круг од локалните избори ќе се одржи во недела. Утрово ќе започне дистрибуцијата на 1.013 .357 избирачки ливчиња.

Според резултатите од ДИК се бираат градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје.

Во сабота, според законот гласаат болните и изнемоштените, затворениците и лицата во домашен притвор.

На 2 ноември в недела прегласување за членови на Совет ќе има на три избирачки места во општината Шуто Оризари, каде што е можно прегласувањето теоретски да се влијае за избор на мандатите за советници.

Во четирите општини за избор на градоначалник не беше постигнат цензус од минимум една третина излезеност на гласачите, а тоа се Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово, изборната постапка се повторува со распишување нови избори од страна на претседателот на Собранието. објави Скопје1.мк

Најнови вести од: Македонија

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top