Тошковски: Македонија и Албанија се пријателски земји, пред летото ќе профункционира едношалтерскиот систем „Уан стоп шоп“
„Пред почетокот на летната сезона ќе го примениме едношалтерскиот систем ( „Уан стоп шоп“) со Албанија. Тимови од двете држави работат на негово реализирање.“ – истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешната заедничка прес-конференција со албанската министерка за внатрешни работи Албана Кочиу, која престојува во официјална посета на Република Македонија.