Македонија

Христовото воскресение да ни подари сила, мудрост и вера во доброто – Велигденска честитка од Сиљановска-Давкова

Да бидеме обединети околу вредностите на човекољубието, солидарноста и заемната почит

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан и до претседателот на Црковното претставништво на Евангелско – методистичката црква, Емил Заев.

Во време на тешки општествени превирања, големи искушенија и силни и морални предизвици, мораме да истраеме во добродетелите, обединети околу вредностите на човекољубието, солидарноста и заемната почит, се вели во честитката од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Велигден до поглаварот на МПЦ-ОА архиепископот г.г. Стефан.

,,Вам лично, на членовите на Светиот архијерејски синод, на преподобното монаштво и свештенство, како и на сите православни верници, Ви го честитам најголемиот и најсветол христијански празник, Воскресението Христово – Велигден.

Во овие возвишени и благодатни денови, кога се открива тајната на животот како победа над смртта, а светлината торжествува над темнината, од срце Ви посакувам во Вашите домови да се вселат мирот, љубовта, здравјето и Божјиот дух.

Воскресението Христово е темел на христијанската вера, вечен извор на надеж и суштина на човековото постоење. Во него е содржана најдлабоката вистина за преобразбата дека преку жртвата, смирението и љубовта, човекот се издигнува и се приближува кон божественото.

Во време на тешки општествени превирања, големи искушенија и силни и морални предизвици, мораме да истраеме во добродетелите, обединети околу вредностите на човекољубието, солидарноста и заемната почит.

Да ги отвориме срцата за ближните, да ја засилиме грижата за ранливите и да го разбудиме духот на соборност и заедништво.

Нека светлината на Христовото воскресение ни подари сила, мудрост и непоколеблива вера во доброто, како вечен принцип на човечката егзистенција”, порачува во честитката претседателката Гордана Сиљановска-Давкова завршувајќи со велигденската порака: Христос воскресе! Навистина воскресе!

Почитуван г. Емил Заев,

Дозволете ми, Вам и на сите припадници на Евангелско-методистичката црква, да Ви го честитам најголемиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден.

Во овие светли и благословени денови, кога се радуваме на победата на животот над смртта и на надежта над стравот, Ви посакувам мир, здравје, љубов и семејна топлина во Вашите домови.

Велигден е симбол на нов почеток и духовна обнова. Празникот нè потсетува дека и во најтешките моменти постои излез, дека по секоја темнина доаѓа светлина и дека добрината и човечноста секогаш победуваат. Овој празник нè повикува да бидеме подобри, да се разбираме меѓусебно, да си помагаме и да се почитуваме.

Во време на тешки предизвици, мора да останеме сплотени околу вистинските вредности: мирот, солидарноста и хуманоста.

Да ги отвориме срцата за ближните, да им даруваме радост на тажните, да шириме позитивна мисла и енергија.

Нека Велигден го разбуди божественото во секој од нас!

Христос воскресе! Навистина воскресе!

Гордана Сиљановска-Давкова

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Владата прави методологија струјата да не поскапи, а ако е можно – и да поевтини!

Владата прави методологија за да се задржи истата цена на струјата, но се обидува македонските граѓани да имаат и поевтина струја, најави денеска при посетата на Штип претседателот на Владата Христијан Мицкоски, кој одговараше на новинарски прашања дали ќе се зголеми цената и каква е енергетската слика во земјата.

Мицкоски: Промакедонската Влада на Македонија „потроши“ НУЛА денари за концертот на Гета и другите настани за одбележувањето на независноста!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска откри колку пари од државниот буџет биле „потрошени“ за целокупната едномесечна програма за одбележување на 35 годишнината од независноста на Македонија.

Јаневска: Изборниот предмет „Сеопфатно сексуално образование“ го повлекуваме, заради длабока ревизија по барање на јавноста

Изборен предмет „Сеопфатно сексуално образование“ во средно образование ќе нема. МОН одлучи да ја повлече наставната програма за да се направи ревизија. Ова денеска го соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска по реакциите за воведувањето на овој предмет по избор за средношколците од прва до четврта година.

Вчера битолчанецот Михаил Николовски (15) спаси тричлено бугарско семејство од давење во разбеснетите бранови на Егејското Море во Грција!

Вистинска драма вчера се случила на плажата во Олимпијада, Грција, каде што силните бранови и подводните струења за малку ќе го однеле во смрт цело тричлено семејство од Бугарија. Во моментите кога жената панично повикувала на помош, од присутните на плажата реагирал 15-годишниот битолчанец Михаил Николовски. Без двоумење влегол во разбрануваното море.

Од 253 грама до 201 грам: Најлесниот Fold во светот

Откако го претстави првиот Galaxy Fold со тежина од 276 грама во 2019 година, Компанијата Самсунг („Samsung“) продолжи да го проширува она што може да биде еден преклопен паметен телефон, унапредувајќи го дизајнот на шарките и екранот, издржливоста и употребливоста со секоја генерација

Најнови вести

To top