Тема: еу

Унгарија го отфрли планот на ЕУ за распределба на мигранти: „ЕУ не е овластена да одлучува со кого треба да живеат Унгарците“!

Министрите за внатрешни работи и правда на ЕУ во понеделникот постигнаа договор за т.н. „солидарен механизам“, кој вклучува систем за распределба на мигрантите меѓу земјите-членки. Според планот, земјите, кои не сакаат да примат бегалци, наместо тоа можат да обезбедат финансиски придонеси, или материјална поддршка. Се очекува пактот да стапи во сила во јуни 2026 година.

Таналари: Дали меѓународниот чинител е рамнодушен кон уставните промени, или има стратегија за помек притисок и јасни очекувања за реформи?

„Релативната тишина од страна на меѓународната заедница во врска со уставните промени создаде простор за расправа на домашната политичка сцена. Некои политичари го толкуваат тоа како знак дека меѓународната заедница не сака да се меша во толку чувствително домашно прашање. Други веруваат дека станува збор за нова стратегија: помек притисок, но со јасни очекувања за реформи.“ – наведува во својата колумна Африм Таналари, новинар во Албанската редакција на Радио Скопје.

Несими: „Бугари во устав“ е политички проблем, оти Бугарија ги оспорува македонскиот јазик, култура и историја, а може да уследат и нови барања!

„Вклучувањето на Бугарите во преамбулата на уставот останува политички и историски проблем, бидејќи Бугарија продолжува да ги оспорува македонскиот јазик, култура и историја. Поради оваа причина, вклучувањето на Бугарите во Уставот за дел од јавното мислење и политичкиот спектар е болно и неприфатливо, не поради бугарските граѓани во земјата, туку поради притисоците од Софија во текот на годините. Меѓутоа, историските можности не траат вечно. Тие бараат донесување тешки одлуки и политичка храброст. Ако избере С.Македонија овој пат да се колеба, тогаш ќе се изложи на опасност да ја пропушти можноста, за која никој нема да може да гарантира дека ќе се повтори некогаш.“ – наведува политичкиот аналитичар од Тетово Флоријан Несими во својата колумна со наслов „Историска можност, што не треба да се изгуби“.

„Стратегијата Македонија 2030“ е визија за модерна, стабилна и европска Македонија

Стратегија усвоена на Конгресот на партијата во Кавадарци „Ново поглавје – Македонија 2030“ значи визија за модерна, стабилна и европски ориентирана Македонија, со јасно дефиниран политички и развоен правец за следната деценија, изјави Антонијо Милошоски пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски: Стратегиска линија на ВМРО-ДПМНЕ е дека националниот идентитет не е предмет на преговори! – Обврска е да се зачува континуитетот на македонската државност!

„Визијата за современа Македонија почива на јасни принципи: држава што го чува својот идентитет; држава што ја брани својата суверена позиција; држава што ја гради својата европска перспектива врз основа на партнерства, реформи и достоинствено претставување. Наследството на борбите за слобода, јазик, државност и културна самобитност создава три обврски за денешната генерација: да се зачува континуитетот и достоинството на македонската државност и идентитет; да се модернизира државата така што ќе биде отпорна на надворешни притисоци и внатрешни слабости и да се спречи злоупотребата на историјата за дневнополитички цели.“ – нагласи лидерот на ВМРО ДПМНЕ и претседател на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во својата реч на денешниот конгрес на ВМРО ДПМНЕ во Кавадарци.

To top