Македонија

Мицкоски: Стратегиска линија на ВМРО-ДПМНЕ е дека националниот идентитет не е предмет на преговори! – Обврска е да се зачува континуитетот на македонската државност!

„Визијата за современа Македонија почива на јасни принципи: држава што го чува својот идентитет; држава што ја брани својата суверена позиција; држава што ја гради својата европска перспектива врз основа на партнерства, реформи и достоинствено претставување. Наследството на борбите за слобода, јазик, државност и културна самобитност создава три обврски за денешната генерација: да се зачува континуитетот и достоинството на македонската државност и идентитет; да се модернизира државата така што ќе биде отпорна на надворешни притисоци и внатрешни слабости и да се спречи злоупотребата на историјата за дневнополитички цели.“ – нагласи лидерот на ВМРО ДПМНЕ и претседател на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во својата реч на денешниот конгрес на ВМРО ДПМНЕ во Кавадарци.

Мицкоски посочи на денешниот конгрес дека Македонија е држава изградена врз европските вредности, слобода, демократска традиција и владеење на правото. „Затоа нејзиното место природно е поврзано со евроатлантското семејство. Но европската и евроатлантската интеграција не смеат да се сведат на пасивно прифаќање, или безусловна зависност. Малата држава може да биде силна држава, ако има самодоверба, чувство за сопствена тежина и јасен став за своите интереси. Македонија мора да знае да каже ‘да’“ кога тоа е во нејзина корист, но и да каже ‘не’ кога се нарушуваат нејзините принципи, достоинство, или идентитет.“ – укажа Мицкоски.

Според него, периодот 2025–2030 е стратегиски крстопат за државата. „Во свет на променети геополитички рамнотежи, нови економски модели и еволуирани демократски стандарди, Македонија може да напредува, само ако има политичка сила, што води со јасна визија и со чувство за историскиот момент. ВМРО-ДПМНЕ, како најголем носител на државноста, ја презема таа улога со целосна свест за одговорноста која ја носи секој следен чекор. Партијата влегува во новата декада со уверување дека политичката зрелост не се мери со реторика, туку со способност да се трасира правец што ја штити државата денес и ја јакне за утре.“ – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во обраќањето на овој 18. партиски конгрес.

 

Тој посочи дека историјата не е товар, туку темел врз кој се гради современата национална самодоверба. „Во 21 век, историското наследство не може да биде изговор за застој, напротив, тоа е најсилен мотив државата да биде поефикасна, поорганизирана и повредносно кохерентна. Жртвите и идеалите на претходните генерации ја прават сегашната неефикасност, институционална слабост или корупција уште понедозволиви. Во овој контекст евроинтеграцијата на државата не смее да се сведе на пасивно прифаќање или безусловна зависност. Македонската државност е создадена низ долг, тежок и историски скап процес. Затоа мора да се разбере како проект што се брани секој ден – преку силни институции, функционална правна држава, но потребно ни е и стабилно општество и јасна, самоуверена надворешна политика. Македонија е држава изградена врз европските вредности, слобода, демократска традиција и владеење на правото и затоа нејзиното место природно е поврзано со евроатлантското семејство. Но европската и евроатлантската интеграција не смеат да се сведат на пасивно прифаќање, или безусловна зависност. Малата држава може да биде силна држава ако има самодоверба, чувство за сопствена тежина и јасен став за своите интереси. Македонија мора да знае да каже ‘да’ кога тоа е во нејзина корист, но и да каже ‘не’ кога се нарушуваат нејзините принципи, достоинство или идентитет.“ – нагласи Мицкоски во своето излагање на конгресот. 


Во однос на партнерството со НАТО и ЕУ, тој рече дека тоа може да биде силно, само ако е рамноправно. „ВМРО-ДПМНЕ не е радикална десница, ниту класичен конзервативизам затворен во минатото туку центар – десната модернизација подразбира држава што ги зачувува вредностите, традицијата и идентитетот, но истовремено гради динамична економија, иновативна администрација и институции што ја штитат слободата, приватната иницијатива и достоинството на граѓанинот. ВМРО-ДПМНЕ се позиционира како политичка сила што ги обединува најдобрите традиции на европската конзервативна мисла: развој без идеолошка агресија, патриотизам без исклучивост, економија што создава можности и држава што обезбедува поддршка за најранливите. Македонија може да биде европска само ако е стабилна во својата самосвест и сигурна во сопствениот идентитет. Во европската традиција на народните партии, националното не е етноцентричен инструмент, туку демократски израз на заедничка историја, култура и политичка волја.“ – подвлече Мицкоски.


Тој истакна дека за Македонија ова е особено важно, бидејќи, како што кажа, државата е млада, изложена на историски искушенија и често соочена со обиди за релативизирање на нејзиното постоење. „Затоа ВМРО-ДПМНЕ ја поставува следната стратегиска линија: националниот идентитет не е предмет на преговори; почитта кон другите идентитети е вредност, но не на сметка на сопствениот; јазикот, историјата и културата се фундаментални државни столбови; компромисите во меѓународната политика може да бидат технички, но не смеат да бидат суштински и државното достоинство не е реторика, туку практична политика.“ – порача на денешниот партиски конгрес лидерот на ВМРО ДПМНЕ и премиер на Македонија Христијан Мицкоски. 

Македонска информативна агенција – МИА.

Најнови вести од: Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

Национален дата центар е обврска од реформската агенда

Македонија веќе има дата цента во Прилеп. Но, тој не е основен, туку секундарен што значи во случај на евентуален сајбер напад на системот на поединечна институција, таму се чуваат податоците кај секундарниот. Сега секоја институција наоѓа начин како ќе ги чува своите податоци

To top