Македонија

Мицкоски за спорот со Бугарија: Стратегиска цел ни е ЕУ, но нема повеќе идентитетски отстапки, колкава и да е цената!

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција со хрватскиот колега Андреј Пленковиќ, кој е во посета на Македонија, истакна дека нашата стратегиска цел е да бидеме дел од Европската Унија. „Но, нема повеќе можности за идентитетски отстапки, за чекор назад кога станува збор за нашите национални одредници, колкава и да е за тоа цена. Ако тоа е цената што треба да ја платиме, и покрај тоа што сме вистинскиот предводник, пред другите, додека е оваа Влада, таа е подготвена да ја плати таа цена. Ако навистина билатералните процеси треба да му судат на нашиот европски пат, тогаш ќе се бориме на друг начин.“ – нагласи Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.

Премиерот Мицкоски посочи дека Македонија патот кон Европската Унија го започна пред 26 години со потпишување на договорот за стабилизација и асоцијација.

-Заедно со Република Хрватска го добивме статусот кандидати, дури ние мислам и некој месец порано. Заедно со Хрватска од страна на ЕК во 2009 година го добивме првиот позитивен извештај за да почнеме преговори. Нашиот пат отиде во друга насока, односно нашето интегрирање во ЕУ се претвори во билатерализација на тој процес. Позначајни беа билатералните прашања, отколку Копенхагенските критериуми. Тоа создаде многу фрустрации кај нас како македонски граѓани, бидејќи цениме дека многу одамна го заслуживме нашето место во рамките на тоа семејство, изјави македонскиот премиер.

Тој додаде дека уште едно такво барање е пред нас, а за жал тоа го прифатила претходната влада мислејќи, смета премерот, дека ако добијат бел лист хартија и го потпишат истото, ќе останат на власт.

-Нашата стратегија како Влада е поинаква. Ние ќе се фокусираме на испораката дома и на реформите кои се дел од планот за раст и реформската агенда и тука во јануарскиот извештај од страна на ЕК ние сме предводници, пред другите. Најголемиот дел од парите, кои ЕУ ги дава на земјите дел од Западниот Балкан, ќе бидат исплатени кон нашиот буџет. Оваа динамика очекуваме да продолжи и со следниот извештај. Нашата стратегија е да продолжиме со реформите дома, тие ни требаат нас, како држава. Подготвени сме да го поднесеме акцискиот план за малцинство. И тој го работвме заедно во Брисел и со екипите од Брисел, тој е завршен. Ние остваруваме, не зборуваме само празни зборови. Вистински сакаме да бидеме дел од таа заедница, каде одамна припаѓаме. Се додека билатералните спорови, во овој случај од една земја членка кон нас, се наша пречка, ова што одамна го заслуживме ќе се оддалечува. Не губиме надеж и енергија, силно работиме и очекуваме дека ќе ја добиеме таа шанса, нагласи Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top