Мицкоски и раководството на германскиот гигант „Шварц груп“ разговарале за инвестиции и отворање нови работни места
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во рамките на 62. Минхенска безбедносна конференција оствари работна средба со раководството на германскиот гигант „Шварц груп“, под чија капа работат светски познатите брендови „Лидл“ и „Кауфланд“. Како што информира премиерот на фејсбук, разговарале за нивните планови за инвестиции, отворање нови работни места и модернизација на трговскиот сектор во нашата земја.