Тема: Хашки трибунал

Ахмети: Не протестираме против државата Македонија, туку за слободата на ексводачите на косовската УЧК, на кои им се суди, иако се невини

Али Ахмети имаше дадено „лично“ „согласност“ за одржувањето на денешниот протест „за правда за поранешните водачи на косовската УЧК“, на кои инаку им се суди во Хашкиот трибунал, како осомничени дека извршиле воени злосторства врз цивилно население во 90-тите години од минатиот век. Реагирајќи околу вмешувањето на Ахмети во овој протест, истакнати политички аналитичари-Албанци од Македонија и од регионот, чии ставови веќе ги пренесе редакцијата на „Експрес“, претходно укажаа дека лидерот на ДУИ, кој доживеа не само изборен дебакл, туку и политички потоп, наместо да поднесе оставка, реши политички да го злоупотреби овој протест, во обид да го сопре вртоглавото урнисување на својот политички рејтинг меѓу неговите сонародници во Македонија. Неби Мерсели реагираше жестоко, критикувајќи го Али Ахмети дека „наместо да поднесе оставка, се претставува и натаму како командант на УЧК, па уште и продолжува да говори против Хашкиот трибунал, претставувајќи се и како господар на протестот во Скопје“!

Алиу: Задоцнет е и без ефект протестот во Скопје за косовската УЧК! – Требаше да го има во 2015 година!

„Мислам дека е доцна – доцна во смисла дека ќе има некаков ефект. Протестот, како политички чин, требаше да биде осмислен и организиран во вистинско време. Вистинскиот момент беше во 2015 година, кога се гласаше за основањето на Хашкиот трибунал.“ – рече д-р Мурат Алиу, професор во Факултетот за општествени науки на државниот универзитет „Мајка Тереза“ од Скопје, вечерва во емисијата „Дебата“ на ТВ Шења.

Екс-„УЧК“ ги предупредува „соборците“ да не доаѓаат на протест во Скопје, оти полицијата е „должна да ги апси, ако се на потерници на Европол“!

„Претпочитаме нашите борци на УЧК да не тргнуваат на пат кон Скопје, бидејќи немаме гаранции. Дури и да го побараме тоа, не е можно државата С.Македонија да даде гаранции кога сте на списоците на Европол. Автоматски, кога вашата лична карта ќе биде внесена во базата на податоци на граничната полиција и ќе се покаже дека сте барани, полицијата има обврска да ве уапси. Затоа им кажуваме на нашите соборци да не учествуваат на протестот во Скопје. Има многу граѓани кои ќе учествуваат.“ – истакнува „Организацијата на воени ветерани-УЧК“ во своето соопштение, едновремено и предупредување до нивните поранешни „соборци од УЧК“ од Косово. Ова го објави ТВ Алсат.

Здружението на косовската УЧК ќе одржи во декември „мирен протест во Скопје на Албанците“ против судењето во Хаг на нејзините водачи

„Ќе одржиме мирен протест и во Македонија, бидејќи таму ги имаме нашите браќа-Албанци.“ – изјави претседателот на „Организацијата на воени ветерани“ на косовската УЧК Хисни Гуцати, најавувајќи го протестот во македонската метропола против судењето во Хашкиот трибунал на четворицата некогашни водачи на поранешната „Национална ослободителна армија“ – УЧК од Косово.

To top